НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Браќа Манаки“- репрезент на македонската филмската уметност во Европа и во светот

0
By Нова ТВ on September 15, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фестивалот „Браќа Манаки“ четири децении доследно го чува и почитува наследството што го оставија Јанаки и Милтон Манаки. Ви честитам бидејќи сте вистинските репрезенти и афирматори на филмската уметност и воопшто, на културата во Република Северна Македонија, во Европа и во Светот, истакна претеседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и свечено го отвори јубилејното 40-то фестивалско издание.

Во своето обраќање до публиката од државата и странство Пендаровски, кој воедно е покровител на ИФФК „Браќа Манаки“, рече дека штом еден фестивал ќе доживее 40 години, тогаш за него не велиме дека е стар, туку дека го пронашол трајно своето место во културата на една држава, на еден народ.

-Четириесетгодишниот јубилеј, секако, е резултат и на прецизно конципираниот репертоар низ годините. Филмската уметност е ангажирана уметност која, меѓу другото, зборува и за совеста на општеството. За мене и за многумина, филмските уметници се контракултурните херои кои на филмското платно адресираат дел од најгорливите прашања на нашето време ‒социјалната неправда, човечкото достоинство, бегалците, дискриминацијата, екологијата… Доволно е да ја прелистаме програмата, за да видиме дека огромен број од филмовите се посветени на доминантните теми во светот и кај нас. Тие не само што нè замислуваат, туки и нè охрабруваат да се бориме против рамнодушноста и исклученоста од животот, нè инспирираат да ја почитуваме различноста и со тоа да создаваме општество на еднакви граѓани, кое нуди иста шанса за сите. На сите оние што на каков било начин биле или се денес дел од фестивалот, најмалку што ви посакувам е и во следните 40 години „Браќа Манаки“ да биде водечки фестивал во филмската уметност не само во нашата земја туку и надвор од неа, нагласи шефот на државата Стево Пендаровски.

На сцената во Битола со долготраен аплауз беше поздравен лауреатот од САД кинематограферот Едвард Лакман кој со одлука на фестивалот ја доби наградата Златна „Камера 300“ за животно дело, а ДФРМ го награди композиторот Љупчо Константинов кој го доби прознанието „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

За делото на браќата Манаки, за фотографското и филмско наследство, за придонесот на македонската филмска уметност во светот на свеченото отворање во Битола говореа и министерот за култура Хусни Исмаили и градоначалничката Наташа Петровска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.