American Express Gold е новата кредитна картичка што ја нуди Алфа банка АД Скопје. Доколку се аплицира во текот на промотивниот период, до крајот на 2013 членарината за првата година е бесплатна. Оваа кредитна картичка е прифатена во милиони продавници, хотели, ресторани и банкомагти ширум светот со грејс бескаматен период до 50 дена.
Она што ја прави оваа кредитна картичка посебна е што со неа корисниците се осигурени од ризици при патување, при што овозможува евакуација и трошоци за враќање, итна медицинска помош, патна придружба, како и надомест од губење или доцнење на багаж или доцнење на лет. Со American Express Gold може да се подигне готовина од над 650.000 банкомати ширум светот. Со каричката корисниците добиваат и две дополнителни картички, како и попусти во одделни продавници во Македонија.
До 31 декември трае промотивниот период на Алфа банка за станбен кредот без провизија за администрирање и без надомест за обработка на апликациите. Alpha Welcome станбениот кредит во износ од 5.000 до 100.000 евра може да се искористи при купување нов стан, при реновирање, купување градежни матријали, како и за рефинансирање кредити од други банки.
Каматната стапка за кредити во евра изнесува 5,70 % фиксна за првата година и 6,40 % променлива камата за останатиот период за клиенти кои примаат плата преку Алфа банка. За кредити во денари каматата е 9% за клиентите кои ја примаат платата во оваа банка.
Платен маркетинг