НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекарската фела се подели-организаторите на протестот непоканети на дебата

0
By Менче Атанасова Точи on September 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лекарската фела се подели- на една страна младите лекари, а на друга институциите. Откако Асоцијација на млади лекари и специјализанти(АСМЛ) најавија протест за среда во 11 часот, против насилството врз лекарите, утринава се одржа дебата на која не беа поканети ниту младите лекари како организатори на протестот, ниту новинарите.

На трибината присуствуваа претставници на Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора, министерот за здравство Венко Филипче, Рената Десковска, министерка за правда и Оливер Спасовки, министер за внатрешни работи. Од АСМЛ сметаат дека ова е начин да се минимизира протестот против насилството врз лекарите.

„Два дена пред протестот против насилството врз лекарите се правата вакви ад-хог средби во организација на  ЛКМ на која се поканети по нивна произволна оценка учесници на таа дебата. Очигледно се работи за политичка агенда, на дебата на која присуствуваа министерот за здравство, МВР и правда, а АСМЛ и Синдикат не се поканети“, изјави за НОВА,  Ненад Лазаров претседател на АСМЛ.

На дебатата во деканатот на Медицински факултет која не траеше повеќе од еден час, претставници од АСМЛ влегоа непоканети,  при што Ненад Лазаров на крајот истапи и се вмеша во дискусијата изразувајќи револт бидејќи не се повикани.

„Фасцинантно е како на една ваква средба каде што се присутни сите, не се викнати младите лекари кои што во среда организираат протест. Неколку пати баравме да бидеме примени во ЛК, како сакате да решаваме проблеми, каква е таа инклузивност,  ве молам да ми одговорите, “, рече Лазаров, кој непоканет влезе на дебатата.

Министерот за здравство Ванко Филипче, одговорноста за тоа што не биле повикани младите лекари и новинарите ја префрли на Лекарската комора, за која рече деке е организитор на дебатата. Тој за НОВА тврди дека не станува збор за минимизирање и дека тој во среда ќе го поддржи протестот на лекарите против насилството.

„Состанокот беше организиран од Лекарската комора, така да во однос на поканите и кого се повикале треба да се обратите таму. Апсолутно, ќе го поддржам протестот во среда и сметам дека овие немили настани се можност за подигнување на јавната свест, како и да преземеме низа мерки, но и мерки од други институции кои ќе не поддржат“, изјави за НОВА, Венко Филипче, министер за здравство.

Овие случувања, најавата за протест, дебатата која беше организирана без претходна најава, како и многу коментари на социјалните, следат по неколку напади врз здравствените работници. Според министерката за правда Рената Десковска, напад врз здравствен работник е исто како и напад врз полицаец и за тоа е предвидена казна затвор во траење од една до 10 години.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.