Како што дознава НОВА, Стопанската комора на Атина ја информирала македонската страна дека форумот се одложува заради слабиот интерес од грчките компании.
Првиот македонско-грчки бизнис-форум во Атина, требаше да се одржи на 17 декември, во организација на Агенцијата за странски инвестиции, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Атина и Сојузот на стопански комори на Северозападна Македонија со помош од Министерствата за надворешни работи на Македонија и Грција.
Целта на форумот беше интензивирање на меѓусебната трговска размена подобро запознавање на македонските со атинските компании.