Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тоше Проески ечи во „Стожице“: Прва победа на македонските одбојкари на ЕП

0
By Нова ТВ on September 16, 2019 СПОРТ
Фото: cev.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 16, 2019 23:16

Историска победа на македонските одбојкари на Европските првенства. По поразите од Финска (1:3), од Турција (0:3) и од Русија (0:3), вечерва во арената „Стожице“ во Љубљана е совладана селекцијата на Белорусија со 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 29:27, 25:20) за прва победа во групата Ц.

Централна фигура на натпреварот беше Никола Ѓорѓиев. Македонскиот капитен беше нерешлива загатка за белоруските одбојкари и мечот го заврши со преку 30 освоени поени. Подеднакво незгоден на сервис и убиствен во напад, за 31 годишниот струмичанец немаше загубена ситуација, а честопати и навидум загубените ги претвораше во добитнички.

Никаква противигра немаше Белорусија за Ѓорѓиев кој без проблеми минуваше низ двојните блокови, а без проблеми наоѓаше пукнатини и во тројните блокови на противничките одбојкари. Решавачки за победникот беше третиот сет. Белорусите беа на праг да го освојат, но „црвено-жолтите“ не се предадоа. Го извлекоа последниот атом од силите, го однесоа на разлика и го решија во своја корист.

Четвртиот одеше, речиси, како подмачкан за избраниците на Никола Матијашевиќ. Веднаш продолжија со силно темпо што разнишаната Белорусија не можеше да го следи. Предноста што македонските одбојкари ја имаа во текот на целиуот период резултира со пет меч топки од кои Милев ја искористи втората за огромната радост во арената „Стожице“ што беше зачинета и со чест од домаќините со познатата навивачка песна „Македонија навива за вас“ во изведба на Тоше Проески.

Утре попладне (17.30 ч.), македонската репрезентација ќе игра и против Словенија во последниот меч во групата Ц.

Белорусија ЕП 2019 Македонија Одбојка (м)
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.