Падна светскиот шампион: Словенија прв финалист на ЕП во одбојка

„Змајчеки“ во полуфиналето во арена „Стожице“ во Љубљана го поразија актуелниот светски шампион, Полска со 3:1 (по сетови: 25:23, 24:26, 25:22, 25:23) и за титулата во недела ќе играат со подобриот од мечот Франција - Србија што е закажан за вечерва во 20 часот

Ништо од осминафинале на ЕП: Македонските одбојкари се враќаат дома, Финска и Турција во топ 16

Финска ја совлада Турција со 3:2 (по сетови: 25:20, 15:25, 18:25, 25:23, 15:12) и двете селекции, заедно со Русија и со Словенија од групата Ц, продолжуваат во топ 16 фазата. На „црвено-жолтите“ им беше потребна било каква победа на турските одбојкари против Финска за место во нокаут фазата, мисија што, сепак, останува да се брка во некоја наредна прилика

Тоше Проески ечи во „Стожице“: Прва победа на македонските одбојкари на ЕП

По поразите од Финска (1:3), од Турција (0:3) и од Русија (0:3), вечерва во арената „Стожице“ во Љубљана е совладана селекцијата на Белорусија со 3:1 (по сетови: 23:25, 25:19, 29:27, 25:20) за прва победа во групата Ц. Утре попладне (17.30 ч.), македонската репрезентација ќе игра и против Словенија

Трет пораз на македонските одбојкари на ЕП: Русија, сепак, пресилна во Љубљана

„Зборнаја“ убедливо ги доби првите два сета во кои покажа кој е кој на теренот. Во третиот малку го спушти гардот и дозволи контролирана неизвесност и игра на разлика, но повеќе од тоа не дозволи за конечни 25:15, 25:16, 30:28. Утре е ден за одмор за избраниците на Никола Матијашевиќ кои во понеделник од 20.30 ч. ќе играат против Белорусија

Согореа во желбата и неискуството: Само сет за македонските одбојкари против Финска

Селекцијата од северот на континентот славеше против „црвено-жолтите“ со 3:1 (по сетови: 25:23, 25:22, 23:25, 25:21) во меч од првото коло на 31. Европско првенство во одбојка. Утре од 17.30 ч. израниците на Никола Матијашевиќ против Турција во вториот настап во Љубљана

Напред „спартанци“: Македонските одбојкари против Финска во дебито на ЕП

Мечот е попладнево (17.30 ч., МТВ 1, ТВ „Арена Спорт 2“) во арената „Стожице“ во Љубљана. Во рамки на групата Ц се и репрезентациите на актуелниот шампион Русија, на домаќинот Словенија, на Турција, на Белорусија. Мечевите во групата А се играат во Франција, во групата Б во Белгија, а во групата Д во Холандија

ЕП во одбојка (ж): Србија ја расплака Турција среде Анкара

Во финалето на 31. континентален турнир, избраничките на Зоран Терзиќ ги совладаа Турција со 3:2 (по сетови: 21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13) во меч пред преполната арена во Анкара и по ЕП 2011 и по ЕП 2017 го додадоа третото злато во досието, овојпат без загубен сет

Одбојкарите се подготвуваат за ЕП 2019: Пораз и победа во двомечот со Шведска

Македонската селекција вечерва загуби од скандинавскиот спаринг партнер со 2:3 по сетови, резултат со кој славеше во првиот меч. До дебито на Европските првенства преостануваат контролни мечеви со Украина и Бугарија или Белгија на турнирот „Бранко Хаџииљоски Чајка“ на 30 и 31 август и двомеч со Австрија во Сент Полтен на 5 и 6 септември