Фондот Qwest Investments Plc., акционер во „Фершпед“ А.Д. Скопје, по јавното соопштение на Кираца Трајковска за незаконско работење кое за НОВА го детализираше во текстот
Кираца Трајовска: Го пријавив во полиција Штерјо Наков , се огласи со известување до сите акционери и вработени во компанијата:
-Изминативе две недели, ние, странските акционери кои поседуваме голем процент од акциите на „Фершпед“ А.Д. Скопје, ги следиме настаните во компанијата преку нашите адвокати и брокери. Јавно искажаното незадоволство од вработените од „Фершпед“ А.Д. Скопје, како и јавно искажаната загриженост од група македонски акционери, кои изнесоа факти за нивно, а и за наше директно оштетување, се повод за оваа соопштение.
Сакаме да и соопштиме на македонската јавност, како и на останатите малцински акционери, дека го поддржуваме барањето за вонредно собрание, бидејќи сме свесни дека потенцијалот на „Фершпед“ А.Д. Скопје и можностите за развој и остварување висок профит се големи доколку компанијата се менаџира на вистински начин.
Исто така ве информираме дека ние како инвестициски фонд, сме во сериозни преговори со голема компанија која има намера да влезе на македонскиот пазар во овој сегмент и да инвестира голем износ финансиски средства.
За ова веќе се информирани голем дел од акционерите во Р. Македонија кои апсолутно ја поддржуваат ова наша намера. Во тој контекст ги охрабруваме и ги повикуваме сите акционери на „Фершпед“ А.Д. Скопје да земат лично учество на претстојното собрание на акционери и да гласаат по своја волја и убедување, а не под притисоци и закани. Истовремено ги повикуваме надлежните институции да преземат, согласно своите овластувања, мерки за заштита на капиталот на акционерите, како и на компанијата и доколку се покажат вистинити наводите за незаконски дејствија на раководниот тим, истите да бидат санкционирани, се вели во соопштението на Фондот Qwest Investments Plc., акционер во „Фершпед“ А.Д. Скопје.