Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан за Трочањи: Секој комесар мора да даде заклетва на европските вредности

0
By Нова ТВ on September 18, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 18, 2019 14:14

Еврокомесарот за проширување во заминување, Јоханес Хан, верува дека треба да му се даде шанса на неговиот назначен наследник, Унгарецот Ласло Трочањи, да докаже дека ќе ги почитува европските вредности.

Назначувањето на Ласло Трочањи, поранешен министер за правда на Виктор Орбан, на местото комесар за проширување предизвикува големи контроверзии во ЕУ, а неговото сослушување во Европскиот Парламент се очекува да биде едно од најтешките.

Како поранешен министер за правда на Унгарија, тој беше одговорен за бројни проблематични реформи во унгарскиот судски систем, поради кои ЕУ води прекршочни процеси против Будимпешта.

Euronews

Но, сегашниот еврокомесар, Јоханес Хан, кој доаѓа од истото политичко семејство како и Трочањи, бара да му се даде шанса на Унгарецот.

-Кандидатот беше член на Венецијанската комисија, која е една од институциите со најголемо реноме за прашања поврзани со владеењето на правото, а секој комесар мора да даде заклетва за европски вредности и повелби и тој е европски претставник, вели Хан во интервју за Евроњуз.

Запрашан дали ја разбира загриженоста на европратениците дека станува збор за близок на Виктор Орбан со важна улога во контроверзните судски реформи, Хан верува дека неговиот наследник ќе биде „убедлив“.

– Ја разбирам загриженоста, но тој е поединец, тој треба да се претстави пред Европскиот Парламент, дефинитивно ќе биде тешко сослушување и европратениците треба да ги донесат потребните одлуки, но јас сум уверен дека колегата ќе се претстави на убедлив начин, одговара Хан.

Во интервјуто, комесарот во заминување изразува задоволство што е направен прогрес во подготвувањето на земјите кандидатки за членство во ЕУ и вели дека е убеден дека Северна Македонија и Албанија ќе добијат зелено светло за старт на преговори во јуни од страна на земјите членки.

Сослушувањата на кандидатите за еврокомесари во Европскиот Парламент ќе се одржат од 30 септември до 8 октомври. Европратениците се подготвуваат за жестоки размени со некои од кандидатите, меѓу кои и Унгарецот Ласло Трочањи, назначен за проширувањето.

Кандидатите назначени од новата претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејн, ќе одговараат на прашањата на европратениците три часа, а Парламентот треба да гласа за севкупниот состав на Комисија на 23 октомври.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.