Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со пропорционалниот модел со една изборна единица ќе се урне монополот на големите партии

0
By Нова ТВ on September 19, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 19, 2019 15:18

Идејата за една изборна единица за која се говори изминативе неколку години, пред неколку дена одново ја актуелизираа 12 пратеници со писмена иницијатива, кои бараат средба со  претседателот на Собранието, Талат Џафери и со лидерите на трите поголеми партии во Парламентот – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов денеска во Собранието поднесе Предлог закон за измени на Изборниот законик, а промената е пропорционален модел со една изборна единица и отворени листи.

Што е разликата

Од 2002 година досега, во Македонија на сила е пропорционален изборен модел со шест изборни единици (освен изборите за градоначалници каде се применува мнозинскиот модел).

Најголемиот недостаток на актуелниот модел е ограничувањето на листите на партиите или на поединците, кои не можат да обезбедат пратенички мандат доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица.

Со шест изборни единици, гласовите се делат на шест места, а со една, сите остануваат на едно место. Или, кога има шест изборни единици, гласови се губат во сите шест изборни единици, а кога има само една изборна единица, гласови се губат само на едно место.

Според аналитичарите, тоа значи дека моделот на една изборна единица е шестпати порепрезентативен и подобар од сегашниот. Тоа најмногу оди во прилог на помалите партии.

– Досега на секои парламентарни избори од 100 до 150 илјади гласови, според Донтовиот модел се прелеваа кај поголемите партии, се создаваа услови за авторитарно владеење и наместо владеење на правото, имаме целосна партизација на државните институции, за се одлучуваат партиите на власт и целосна зависност на законодавната и судската власт од партиите, објаснува Трајанов.

Трајанов смета дека измените се неопходни и во контекст на финансирање на изборната кампања, финансирање на редовната активност на партиите, медиумското преставување, редоследот на партиите на гласачкото ливче, односно ќе се создадат еднакви шанси за сите политички партии.

– Ќе се спречи праксата, големите партии да ги користат малите партии на избори, а потоа ги маргинализираат, вели Трајанов.

Три изборни единици значи кантонизација-мнозинскиот е враќање на насилството

Трајанов очекува пратениците да го разгледаат нивниот предлог и да застанат како предлагачи, иако не е оптимист, бидејќи ова би ги загрозило интересите на поголемите партии. Досега позитивни сигнали добиле само до СДСМ, додека другите партии се или за останување на сегашниот модел со шест изборни единици (ДУИ) или со три, како што предложи БЕСА, додека од ВМРО ДПМНЕ се уште го разгледуваат предлогот, но нивниот став од претходно е замена на пропорционалниот со мнозински.

За Трајанов, моделот со три изборни единици е федерализација или кантонизација, додека мнозинскиот би значел враќање на насилствата на изборите.

-Само пропорционалниот модел со една изборна единица значи реален одраз на волјата на граѓаните, вели Трајанов.

изборен модел Павле Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.