На свеченото 71. доделување на „Еми” наградите синоќа во Лос Анџелес, за најдобра драма е прогласена ТВ серијата „Игра на престолите”.
Наградата во категоријата комедија пак, ја освои серијата „Fleabag” (Флибег). Најдобар глумец во комедија е Бил Хедер („Бери“), а најдобра глумица – Фиби Волер-Бриџ („Флибег“).
За најдобар глумец во жанрот драма, прогласен е Били Портер („Поза“), а за најдобра глумица – Џоди Комер.
Најдобра мини-серија е „Чернобил”.
Питер Динклиџ постави рекорд на синоќешното 71. доделување на „Еми“ наградите. Имено, тој ја доби четвртата статуетка за најдобра машка споредна улога, што не му успеало на никој друг претходно.
Сите четири „Еми“ награди тој ги доби за една иста улога – Тајрион Ланистер во серијата „Игра на престоли“, и тоа во 2011., 2015., 2018. и сега, во 2019 година.
Во 2012. тој за истата оваа улога доби и „Златен глобус“.
На линкот е целата листа на добитниците на наградите „Еми“.