Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Ќе се повтори ли ланскиот инвестициски пик

0
By Нова ТВ on September 23, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2019 12:41

Во очекување на полноправното челенство во НАТО и датум за почеток на пристaпните преговори,  дел од европските земји веќе ги даваат привите насоки на своите инвеститори да се охрабрат и да вложуваат во земјава, но дел од домашните бизнисмени упатуваат на сеуште присутните проблеми кои го кочат инвестирањето, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Последните податоци покажуваат дека првото економско полугодие за разлика од ланското не е охрабрувачко кога се работи за странските директни иневестиции.

Во првото полугодие салдо на странски иневестиции од 55,6 милиони евра

Политиката ја засени економијата, па дури одредени коруптивни случаи донесоа нов бран на незивесност и недовреба. Иако статистиките покажуваат раст на БДП, сепак бројките за странски инвестиции упатуваат на сеуште присутна  воздржаност за поагресивно вложување – коментираат за “Порталб“ економистите поврзувајќи ја инвестициската активност и со очекуваниот датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Последните достапни податоци на Народната банка покажуваат дека од јануари до крајот на јуни салдото на вкупни странски директни инвестиции изнесувало 55,6 милиони евра. Во првото економско полугодие од годинава во однос на истиот период лани СДИ се намалени за 257 милиони евра. Ланската 2018 година според податоците е една од најуспешните инвестициски години а оваа 2019 досега засега не ги навестува овие резултати.

Странски директни инвестиции:

2019  година  (јануари-јуни)       55,63 милиони евра

2018 година                               624,49 милиони евра

2017 година                               181,73 милиони евра

2016 година                               338,43 милиони евра

2015 година                               216,72 милиони евра

2014 година                               205,14 милиони евра

2013 година                               252, 20 милиони евра

Ланскиот инвестициски пик позитивно се одрази и врз учеството на странските директни иневстиции во БДП, достигнувајќи 5,8%. Претходните години забележан е пораст на уделот на СДИ во БДП  но сепак според стапките земјава и натаму заостанува во однос на европскиот просек.  Така, учеството странските директни инвестиции во 2017 година изнесувало  4%, во 2016 година 4,9%, во 2015 година 4,6%, во 2014 година 5,3% а во 2013 година 4,8% учество на СДИ во БДП.

Според анализите на НБМ,  во првото полугодие од годинава забележано е забрзување на годишниот раст на увозот за инвестции но и на државните капитални инвестиции, што се одрази врз стапките на раст на вкупната економија.

„Економската активност продолжи да расте и во вториот квартал на 2019 година, со реална годишна стапка на раст од 3,1% (4,1% во првиот квартал). Растот е движен од домашната побарувачка, при натамошен раст на личната и јавната потрошувачка и на бруто-инвестициите, додека нето-извозот има негативен придонес. Во првата половина од годината, растот на БДП изнесува 3,6% и е малку поумерен од очекуваниот за овој период од годината“ – велат од Народната банка.

Што очекуваат домашните и странските инвеститори

Во предворје на полнопрановото членство на земјава во НАТО, Франција која сеуште е без конечна одлука за поддршка на пристапните преговори со ЕУ, сепак дала насоки на своите инвеститори да влезат во анализи за инвестирање во Македонија. Ова неодамна го потврди францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.

„За жал, банката „Сосиете Женерал“ се одлучи да се повлече поради малиот пазар, со што ќе се изгуби видливоста на францускиот интерес за стопанска соработка со Македонија. Моментално сме ангажирани за завршување на физибилити-студијата за изградба на колектор за отпадни води во Скопје, за чија изведба ќе се распише меѓународен повик. Дали француска компанија ќе го добие тендерот ќе видиме, но знаеме дека француската компаниата NGE ќе го поставува колекторот и ќе и требаат соработници, информирал“ – изјави Тимоние.

Дел од бизнисмените, користејќи ја секоја можност, предочуваат на се уште присутните слабости и проблеми со кои се соочуваат, особено алудирајќи на административните процедури, на променливоста на законите, на отстуството на политичка стабилност, но и на воздражност на банките за поголема поддршка на домашните  фирми.

„Како извозно ориентирани, за да опстанеме на надворешните пазари мора да сме во тек со се што се случува во светот, автоматизација, дигитализација. Назад сме. Не дека нема средства, комерцијалните банки имаат, но долгорочните кредити имаат одредена ставка на трошок кај компаниите, а времетрањето на нивниот поврат е релативно кратко што создава проблем со недостиг на кеш. Во овој период на создавање нов човечки капитал, ќе ни биде од голема помош ако Македонската банка за поддршка и развој се преструктуира со цел во фокусот да и биде подрршката на индустриите кои се 100 отсто извозоно ориенитрани“ – порача Ирена Јакимовска.менаџерка  на компанијата  „Комфи ангел“ – Прилеп.

Советот на странски инвеститори во земјава укажа на повеќе сегмени во кои се потребни промени за подобра бизнис клима: зајакнување на инструментите за борба против неформалната економија со цел да се обезбеди фер конкуренција на пазарот, поголем степен на доверба во институциите на системот, воспоставување стабилно, предвидливо и конкурентно опкружување како елементи од суштинско значење за секој странски инвеститор, создавање недвосмислени и применливи закони  со можност за учество на бизнис-секторот во нивната подготовка како и продолжување  со реформите во јавната администрација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.