Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избришано македонското малцинство

0
By Нова ТВ on January 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 23, 2013 17:03

Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да го продолжи пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но притоа од текстот на резолуцијата го избриша македонското малцинство.

Како што јавува Дојче Веле, италијанскиот парламентарец, Лука Волонте, во својот извештај заклучи дека пост-мониторинг дијалогот со Бугарија треба да продолжи, за потоа во дебатата да предложи негово укинување, на што се спротистави Комисијата за следење на обврските на земјите членки.

На подигањето на мониторингот се спротивставија и дел од пратениците од бугарската делегација од редовите на опозицијата и од партијата на турското малцинство. Со амандманското надгласување со само два гласа повеќе, одлучено е да продолжи следењето на Бугарија од страна на паневропската асамблеја.

Во усвоената резолуција, Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази загриженост поради порастот на националистичката идеологија и акти и од непријателската клима против малцинствата.

ПССЕ, меѓутоа, од Резолуцијата ги избриша македонското малцинство и Помаците. Во предложениот текст на резолуцијата беше побарана посебна грижа за македонското малцинство и Помаците, како две непризнати малцинства. Бришењето на македонското малцинство од резолуцијата се случи преку амандман поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ предлогот го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев.

Бугарскиот парламентарец смета дека отстранувањето на македонското малцинство и на Помаците од текстот на резолуцијата е „подобра формула за да им се даде саканата заштита од страна на Советот на Европа“ и со тоа се „избегнува отворањето на Пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи“.

Македонските парламентарци Александар Николоски и Ермира Мехмети Деваја гласаа против амандманот на Тошев и против целиот текст на Резолуцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.