НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Акции на Инспекторатот на Град Скопје за отпад и во дворови-се користел за греење

0
By Нова ТВ on September 26, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспекторите секојдневно се на критичните точки во Скопје за загадување на воздухот. Веќе се казнети седум лица од општина Сарај, а Инспекторатот најавува поголеми акции во дворовите.

-Поголеми акции имаме во однос на дворовите. Има граѓани кои секаков вид отпад складираат во своите дворови за во зимскиот период тој да биде искористен како огревен материјал, информира главниот инспектор на Град Скопје Мирослав Богдановски, на денешната обука на инспекторите за инспекциски надзор во рамките на проектот за Платформа за почист воздух во градот Скопје, во организација на  Зелен институт, кој треба да им обезбеди на граѓаните контакти каде да пријават палење отпад.

Онаму каде инспекторите ќе забележат таков опад влегуваат, се чисти дворот, а фактурата за чистење ја плаќа сопственикот на објектот.

Се влегува во секоја куќа, а граѓаните може да пријават ваков отпад анонимно.

Седумте лица кои се казнети во општина Сарај се поради палење земјоделски површини, а казната според Законот за управување отпад е до 1.000 евра. Досега најголем број поплаки има од општините Ѓорче Петров и Сарај.

Во однос на индустрискиот отпад, кој во неделата беше забележан во реката Вардар, Богдановски рече дека Инспекторатот на Градот Скопје ја завршил работата, а за санкционирање е надлежен Државниот инспекторат за животна средина.

-Инспекторите на Град Скопје, веднаш по случување на настанот во неделата излегоа на терен. Во рок од осум минути беше повикана акредитирана лабораторија. Односно лабораторијата на Водовод и канализација. Земавме  примероци од седум точки по течението на реката Вардар, почнувајќи од Аеродром до Јурумлери. Од страна на Град Скопје е завршена целата процедура. Записникот заедно со извештаите е предаден на Државниот инспекторат за животна средина, за понатамошно испитување, вели Богдановски.

Тој потенцира дека се работи за индустриски отпад од „Арчерол Митал“.

-Претпријатието е со А интегрирана еколошка дозвола. Постапувањето во однос на таа инсталација е во надлежност на Државниот инспекторат за животна средина. Ние ги обезбедивме податоците, мерењата на водата и сите извештаи се доставени до него, вели Богдановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.