Телевизиската готвачка, ѕвездата Најџела Лосон призна дека користела кокаин, но негира дека има проблеми со дрога или дека е зависник, јавува ББЦ.
Таа рече дека за прв пат земала дрога со нејзиниот покоен сопруг Џон Дајмонд, кога тој беше тешко болен.
Г-ѓа Лосон рече дека земала дрога повторно во јули 2010 година, откако почувствувала дека била “подложена на интимен тероризам” од страна на нејзиниот поранешен сопруг, Чарлс Сачи.
Таа го направи ова признание за време на судењето во Ајлворт краун судот (Isleworth Crown Court) каде им се суди на нејзините поранешни асистентки, кои негираат дека направиле измама.
Одбраната на сестрите Франческа и Елизабета Грилос” тврди дека г-ѓа Лосон им дозволила да ги трошат нејзините кредитни картички во замена за прикривање на нејзината употреба на дрога.