Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народна банка: И натаму се намалува просечната каматна стапка на кредитите

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2019 17:46

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13 отсто, што претставува месечен и годишен пад од 0,02 односно 0,36 процентни поени, информираат од Народната банка.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити, додаваат, се задржа на нивото од 1,38 отсто од претходниот месец, додека на годишно ниво забележа пад од 0,04 процентни поени.

– Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечно намалување од 0,07 процентни поени и изнесува 4,61 отсто, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,24 процентнипоени. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,10 отсто и на месечна и годишна основа се намали за 0,17,односно за 0,44 процентни поени, соопшти НБ.

Просечната каматна стапка, пак, на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во август, забележа пад од 0,04 процентни поени и изнесува 4,38 отсто. Притоа, надолната промена, велат од НБ, се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 и 0,03 процентни поени), во услови на непроменета каматна стапка на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,43 процентни поени.

-Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,22 отсто, што преставува месечен пад од 0,02 процентни поени. Падот се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,21 и 0,04 процентни поени), во услови на раст на каматната стапка на кредитите во странска валута (за 0,20 процентни поени). Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи намалување од 0,36 процентни поени  во однос на август минатата година, посочуваат од НБ.

По три месеци непроменето ниво, велат, каматната стапка на вкупните депозити накорпоративниот сектор се намали за 0,03 процентни поени и во август изнесува 1,58 отсто. Надолната месечна промена во целост произлегува од падот на каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,19 процентни поени), при непроменета каматна стапка на депозитите во странска валута и раст на каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 процентни поени). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,02 процентни поени.

– Во август годинава, просечна каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,89 отсто, што преставува пад за 0,33 процентни поени во однос на претходниот месец. Падот е резултат на надолното поместување кај сите компоненти во рамките на оваа категорија: каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула, каматната стапка на депозитите во странска валута и каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,44, 0,14 и 0,02 процентни поени). Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка бележи годишен пад од 0,60 проценти поени, појаснуваат од НБ.

Според НБ, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во август, изнесува 5,84 отсто и забележа месечен пад од 0,02 процентни поени. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа кај каматните стапки на кредитите одобрени во странска валута (за 0,03 процентни поени) и кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,02 процентни поени). Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,34 процентни поени.

-Кај просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата е остварен пад од 0,05 процентни поени на месечна основа и таа изнесува 5,22 отсто. Притоа, месечниот пад во целост произлегува од надолната промена кај каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,11 процентни поени), додека каматните стапки на девизните кредити и денарските кредити со валутна клаузула оствариле раст (за 0,14 и 0,01 процентни поени). На годишно ниво, оваа каматна стапка
забележа намалување за 0,13 процентни поени.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, како што посочуваат од НБ, овој месец, не забележа месечна промена и се задржа на нивото од 1,35 отсто. Оваа каматна стапка на годишна основа е намалена за 0,05 процентни поени.

‒ Во август, кај просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата е забележан месечен пад од 0,07 процентни поени, со што таа се сведе на нивото од 1,23 отсто. Надолната промена произлегува од падот на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,04 и 0,02 процентни поени), во услови кога не се примени денарски депозити
со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи пад за 0,36 процентни поени, споредено на годишна основа, потенцираат од Народната банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.