Една од партиите во владејачката коалиција во Бугарија, ВМРО на Красимир Каракачанов вчера побарала од главниот обвинител на Бугарија да поведе постапка за дерегистрација, односно за забрана на Бугарскиот Хелсиншки комитет.
Како што објавија од организацијата, причините за тоа се БХК обезбедува поднесоци до судовите, организира семинари и други едукативни настани со обвинители и судии и застапува клиенти во Европскиот суд за човекови права и пред домашните судови. Ова, според партијата, е „мешање во судството“ спротивно на членот 117 од Уставот, кој предвидува дека судската моќ е независна.
Во прилог на овие тврдења, БХК го приложува соопштението од ВМРО во кое се наведува дека бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата Ангел Џамбаски и бугарскиот претаник Сиди побарале од државниот обвинител на Република Бугарија Сотир Цацаров да ја запре на регистрацијата на бугарскиот Хелсиншки комитет, повикувајќи се на тоа дека оваа можност е предвидена со законот за непрофитни правни субјекти.
Хелсиншкиот комитет се обвинува дека „директно и индиректно врши притисок врз бугарските судии и врши антиуставни, незаконски, неморални и отворено антибугарски активности“.
Во соопштението се наведува дека со активностите, БХК нанесува штета на имиџот на Бугарија пред меѓународните институции.
Освен што ги набројува случаите за кои БХК презел дејства пред меѓународните и домашните институции, за Џамбаски и Сиди најскандалозна активност е „организирање семинари за судии, обвинители и истражители, од кои некои потоа одлучуваат за судбините на докажаните криминалци“…
Од БХК истакнуваат дека ова не е првпат оваа, како што ја нарекуваат „екстремистичка партија од очигледно нетоталитарна форма“ да преземе ваков чекор. Во октомври 2017 година, партијата побарала од јавниот обвинител да покрене кривично гонење против претседателот на БХЦ Красимир Канев за „саботажа“, а во 2014 година, истата партија побара и истрага од Националната агенција за приходи против БХК.
Од Бугарскиот Хелсиншки комитет велат дека иако ниту едно од овие барања на оваа партија не се остварило, ваквите постапки се „заплашување и вознемирување и предизвикуваат голем стрес и кај раководството и кај членството на БХК“, посебно бидејќи се работи за партија која е дел од Владата.
Бугарскиот хелсиншки комитет ги повикува свои меѓународни партнери и пријатели да реагираа до бугарската влада.




