НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лекот “Ранитидин“се повлекува и во Македонија, содржи супстанца што предизвикува рак

0
By Менче Атанасова Точи on October 1, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од пазарот на Србија и Хрватска се повлекува лекот Ранитидин заради сомнеж дека активната супстанца содржи   „н-нитрозодиметиламин (НДМА), која е канцерогена и може да предизвика рак. Компанијата „Хемофарм“, заради претпазливост, заради заштита на здравјето на граѓаните ги повлекува сите серии на лекот Ранитидин . Српските медиуми пишуваат дека од продажба се повлечени лековите од сите прозводители кои во себе содржат ранитидин.

Во Хрватска пак, се повлечени сите лекови кои содржат ранитидин на производителот „Sarac Laboratories Ltd,“ на барање на Американската агенција за храна(ФДА) и Европската агенција за лекови(ЕМА). Повлечени се лековите Ранитал, Раних, а Пепторан и други слични се испитуваат. И компанијата Сандоз од парзарот ги повлекла сите залихи на лекови.

Во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) не соопштуваат дали се известени аптеките и матичните лекари за предупредувањето за повелкување на лекот Ранитидин. Сепак, во соопштението на барање на медиумите е нагласено дека лекот од промет го повлекуваат следните носители на одобрение:

– ЛЕК-Скопје Лек д.д. Љубљана ДООЕЛ, Ранитал 150 mg филмобложена таблета и

– ХЕМОФАРМ А.Д.ФАРМАЦЕВТСКО – ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ПРЕТСТАВНИШТВО Скопје, Ранитидин 75 mg шумлива таблета.

Лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција имаат широка примена кај болни со состојби на чир на желудник со цел намалување на создавање на желудечна киселина.

Од МАЛМЕД велат дека на територијата на Република Северна Македонија достапни се и други лекови за третман на истите состојби кои може да се применуваат како заменска терапија. Пациентите треба да се обратат кај својот лекар или фармацевт во случај на било какви прашања во врска со терапијата.

„Европската агенција за лекови (ЕМА) започнува ревизија на лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција откако е детектиран Н-нитрозодиметиламин (NDMA) На барање на Европската Комисија, ЕМА започнува проценка на лекови кои содржат ранитидин како активна супстанција откако е детектирано онечистување со Н-нитрозодиметиламин (NDMA) во некои од нив.

Нитрозамини се класифицираат како веројатни хумани канцерогени материи (супстанции што можат да предизвикаат карцином) врз основа на студии на животни.

Во 2018 година, нитрозамините биле детектирани во лекови за третман на покачен крвен притисок познати како „сартани“, што довело до повлекување на некои од нив и повторна проценка на ниво на ЕУ, со што се утврдени нови строги барања за производство на овие лекови“, се вели во одговорот од МАЛМЕД.

Станува збор за многу популарни лекови кои често се употребуваат од луѓето , а се добиваат и без рецепт. Во моментот се испитуваат сите лекови на база на ранитидин, но не е исклучена можноста на листата на забранети да се најдат и други лекови.

„Носителите на одобренија за ставање на лек во промет се одговорни за обезбедување на производство на лекови согласно важечките регулативи. Како резултат на тоа, тие се одговорни за обезбедување на целосно задоволителен квалитет на секоја серија на готов производ, вклучувајќи го и квалитетот на активните супстанции и ексципиенсите. За носителите на одобренија, ЕМА ќе обезбеди упатство за избегнување на присуство на онечистување со нитрозамин, кое носителите треба да го земат во предвид во процесите на производство на нивните производи.

Истотака, Комитетот за хумани лекови (CHMP) при ЕМА ќе ги процени сите расположиви научни знаења за присуството на нитрозамини во лековите и ќе даде препорака до регулаторните органи за активностите што треба да се преземат доколку производителите пронајдат нитрозамини во нивните лекови.

ЕМА ќе ги испита сите достапни податоци за да се процени дали пациентите кои користат ранитидин се под било каков ризик од Н-нитрозодиметиламин (NDMA) и за истото веднаш ќе ја извести јавноста“, потенцираат во МАЛМЕД.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.