Турското кафе е ставено на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО, јавува БТА.
Оваа одлука е донесена на седница на Комитетот на УНЕСКО, која се одржа во главниот град на Азербејџан, Баку.
На седницата учествувале околу 800 претставници од 116 држави, а на неа биле разгледани вкупо 38 предлози.
Предлогот за поместување на турското кафе на листата светско нематеријално културно наследство бил прифатен со значително мнозинство.