Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Захариева: Нашиот услов од секогаш се добрососедските односи

0
By Нова ТВ on October 2, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 2, 2019 10:18

Нашата поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија никогаш не била безусловна – има еден многу јасен услов, а тоа се добрососедските односи, изјави вицепремиерката и шефица на дипломатијата на Бугарија, Екатерина Захариева.

– Не постои начин да се стремите да станете член на ЕУ и да имате нерешени билатерални односи. Тоа не е само бугарски критериум, туку еден од критериумите за членство во ЕУ – пријателски  и добрососедски односи, рече Захариева во изјава за бугарската ТВ Нова.

Според неа, историскиот дел меѓу Скопје и Софија е потешко прашање од спорот за името што беше решен со Договорот од Преспа.

– Преспанскиот е билатерален договор. Не е лесно да се смени името на вашата земја, но историскиот дел меѓу Бугарија и Македонија е потежок. Целиот идентитет и историја од постоењето на Република Северна Македонија од 1944 година е заснован на делови од нашата заедничка историја, истакна Захариева.

Таа вели дека Договорот за пријателство во кој е предвидена соработка во економијата, туризмот, инфраструктурното поврзување, културата, образованието,…, дава резултати.

– По потпишувањето на Договорот за добрососедство, само за девет месеци трговската размена е зголемена за 13 отсто, но би сакала да видам повеќе бугарски медиуми во Македонија. Во областа на културата се организираат заеднички фестивали, театарски претстави и друго. На располагање се средства за Коридорот 8. За жал, потребно е време. Наскоро ќе почне и проширувањето на граничните премини. Целта е од Софија до Скопје да се стигнува за два и пол часа и луѓето да бидат заедно. Сепак, не треба да ја потценуваме историјата, изјави Захариева.

Но, според неа, за да се решат отворените прашања нема да помогне ниту тврдата, ниту меката дипломатија, туку мора да има баланс и соработка.

На консултативната средба, која се одржа на иницијатива на бугарскиот претседател Румен Радев пред два дена, а на која беа присутни бугарскиот премиер Бојко Борисов, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов се разгледуваа односите на Бугарија со Република Северна Македонија во контекст на евентуална одлука на ЕУ за почеток на преговори со официјално Скопје.

-Учесниците постигнаа принципелна согласност дека е потребно итно дејствување за да се изгради национален став со јасни барања и критериуми, кои ќе ги заштитат бугарските национални интереси, истакна Радев.

Премиерот Борисов и министерот за одбрана Каракачанов изјавија дека Северна Македонија може да смета на Бугарија за ЕУ, но како што рече, никогаш не кажале дека безусловно го поддржуваат приемот.

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев пак за агенцијата Фокус денеска истакнува дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и НАТО, а Софија не треба да му удира шлаканица на Скопје, туку да даде поддршка и да ја прошири соработката во сите области.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.