Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарскиот претседател бара национален став за Северна Македонија

0
By Нова ТВ on September 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2019 13:47

Пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и Европската унија е важен чекор со кој се гарантира мирот, стабилноста и одржливиот развој и просперитет на Југоисточна Европа. Бугарија отсекогаш принципиелно ја поддржуваше европската и евроатлантската перспективи на Република Северна Македонија. Да не заборавиме дека ние сме првите што ја признавме независноста на таа земја, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

На консултативната средба, која се одржа на иницијатива на Радев, а на која беа присутни бугарскиот премиер Бојко Борисов, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Екатерина Захариева и министерот за одбрана Красимир Каракачанов се разгледуваа односите на Бугарија со Република Северна Македонија во контекст на евентуална одлука на ЕУ за почеток на преговори со официјално Скопје.

Со очекуваната препорака на ЕУ во октомври да започне преговори со Република Северна Македонија, учесниците на денешната средба постигнаа принципелна согласност дека е потребно итно дејствување за да се изгради национален став со јасни барања и критериуми, кои ќе ги заштитат бугарските национални интереси, истакна Радев.

– Тие барања и критериуми треба да бидат дел од рамката за преговори и треба да станат предуслов за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија. Бугарската влада е посветена на формулирање јасни крајни цели што треба да се постигнат пред завршувањето на преговарачкиот процес за членство на Република Северна Македонија во Европската унија. И, исто така, специфични привремени цели што треба да се решат во секоја последователна фаза на овој процес на преговарање, со јасни одредници. Таквиот став треба да се претстави пред бугарскиот парламент., за тој да биде свесен за тоа, рече Радев.

Тој додаде дека особено внимание треба да се посвети на наставните планови, учебниците, натписи во музеи и плакети, како и ставовите на јавните медиуми. Постигнување на европско добрососедство мора да биде основниот критериум за успешен процес на преговори, оцени Радев.

Бугарскиот претседател смета дека треба да бидат поставени „црвени линии“ кои ќе гарантираат дека европската интеграција на Република Северна Македонија нема да биде на сметка на употребата на бугарската историја, јазик и идентитет, пренесува БГНЕС. Тој оценува дека е потребно на самиот почеток на преговарачкиот процес отворено да бидат поставени услови, од кои ќе зависи преминувањето во следната етапа од преговарачкиот процес.

– Една таква отворена, фер и конструктивна позиција не само што ќе го заштити бугарскиот национален интерес, туку ќе биде од корист и за Европската унија, затоа што нема да дозволи внесување на меѓусоседски проблеми во европското семејство и ќе ја покаже зрелоста и одговорноста на Бугарија за стабилноста на Унијата. Исто така, ќе биде од особена корист за самата Република Северна Македонија, бидејќи јасно ќе воведе европски критериуми и одржливост на процесот на европска интеграција, рече бугарскиот претседател.

Радев информира дека на денешната средба било дискутирано и за „ер полисинг“ на воздушниот простор на Република Северна Македонија.

– Имаме принципиелна согласност дека бугарската влада ќе ги искористи сите механизми во рамките на НАТО, како и дијалог со нашите партнери, така што ќе го преземе својот дел од одговорноста и ќе се вклучиме во таквите дежурства на ротациона основа. Имаме и средства и можности да го сториме тоа… Ова ќе ја покаже конструктивната и одговорна улога на Република Бугарија на регионален и сојузнички план, заклучи бугарскиот претседател по денешната консултативна средба.

„Ер Полисинг“ е мирнодобска задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили за заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.

Захариева: Софија „треба да гласа за“

Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева рече дека Софија „треба да гласа за“, но таа поддршка може да се промени во текот на преговорите за одделните поглавја. Потребен е напредок во работата на комисијата, но не само на хартија, туку и реална промена на учебниците и „запирање на непријателствата“ од страна на Скопје, рече таа.

-Бугарија секогаш ја поддржуваше перспективата за Западен Балкан“, додаде таа, но рече дека тоа ќе бара „хоризонтална рамка и нема да се дозволи напредок на секое поглавје ако договорот(за добрососедство) не се спроведе, рече Захариева.

Во исто време, Захариева рече дека Бугарија во оваа фаза верува дека по сите дипломатски напори, северна Македонија и Албанија не треба да бидат „разделени“ со цел преговорите со ЕУ – Скопје да добијат датум пред Тирана.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата изјави дека Северна Македонија може да смета на Бугарија за ЕУ, но како што рече, никогаш не кажале дека безусловно го поддржуваат приемот.

-Ние немаме поблизок народ. Исклучително е важно да бидат примени во ЕУ, но важно е и да разберат дека тоа зависи од нив. Затоа апелирам да запрат да си играат со историјата, со минатото и да се концентрираат кон иднината, рече Борисов.

Каракачанов, пак, по средбата, како и пред неколку дена, кажа дека Бугарија не може безусловно да ја поддржува Северна Македонија и треба да постави многу  јасни услови. И Каракачанов смета дека најдобра варијанта би била Северна Македонија и Албанија заедно да ги почнат преговорите за членство во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.