Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вангеловски се жали на одлуката на Судскиот совет за неговото разрешување

0
By Соња Петрушевска on October 5, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 5, 2019 09:21

Поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски кој беше суспендиран и разрешен од Судскиот совет, пред истекот на законскиот рок поднел две жалби – потврдија за НОВА извори од Советот.

Тој барал да се преиспита и  одлуката за суспендирање, иако според извори во Советот нема право на тоа. Со оваа одлука, Вангеловски беше времено оддалечен од вршење на судиската функција и од функцијата претседател на суд, со што практично му беше забрането и да влезе во зградата на Судот.

За жалбата која ја поднел во однос на одлуката за разрешување, таа ќе биде доставена до Врховниот суд кој треба да формира комисија составена од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Доколку  се прифати жалбата на Вангеловски, случајот повторно ќе се врати во  Судскиот совет, кој одново ќе одлучува за негово разрешување.

Судскиот совет на седница одржана на 10 септември едногласно донесе одлука да го разреши  претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски за нестручно и несовесно работење во службат. На истата седница разрешена беше и врховната судија Рахилка Стојковска – и двајцата поради одлуката која ја донесоа а  со која му го укинаа притворот на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст и му овозможија тој да не оди во притвор.

За предметот за Сеад Кочан, претставка до Судскиот совет за нестручно работење беше поднесена и против Врховниот судија Ристо Катавеновски со чиј глас петчлениот совет во Врховен донесе одлука (со 3 гласови за и двајца против), Кочан да се брани од слобода.  Катавеновски подолго време има здравствени проблеми и отсуствува од работата на Судот, па Судскиот совет до сега не успеал ни да му го достави известувањето дека против него е поднесена пријава за несовесно работење.

Извори од  Советот велат дека неколку пати испраќале курир, но Катавеновски не бил во Врховниот суд.

Од Врховениот суд за НОВА потврдија дека судијата поради здравствени проблеми извесно време бил на боледување.

Судскиот совет пред пет дена објави оглас за врховни судии, по апелот на в.д. претседателот на Врховен Фаик Арслани, дека овој суд е блокиран и не може ефиаксно да работи поради намалениот број на судии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 16, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

ВЕСТИ May 16, 2026

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на…

СДСМ: Нов скандал – нова бомба: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф, омилената фирма на власта

May 16, 2026

Дописничката од Белата куќа Емили Гудин: Сѐ што добивме од Кина заврши во ѓубре уште пред да се качиме во претседателскиот авион

May 15, 2026

Најмалку седуммина загинати, 44 повредени и 20 исчезнати во масовниот руски напад — во Кијив утре е Ден на жалост

May 14, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.