Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет го разреши Вангеловски и избра нов в.д. претседател на Врховен

0
By Соња Петрушевска on September 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 10, 2019 14:03

Судскиот совет едногласно донесе одлука да го разреши досегашниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за нестручно и несовесно работење во службата, потврдија за НОВА од Судскиот совет.

Според новиот Закон за Судски совет Вангеловски има право да поднесе жалба до Врховниот суд, но тоа не ја одложува денешната одлука на Судскиот совет за негова суспензија од судиската функција.

За евентуалната жалба на Вангеловски ќе одлучува деветчлен судски совет во Врховниот суд,  составен од тројца судии од Врховен, по еден од четирите апелациски подрачја и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Доколку прифатена жалбата на Вангеловски, случајот повторно се враќа во Судскиот совет.

За ВД Претседател на Врховниот суд, Судскиот совет го избра Фаик Арслани.

Барањето за разрешување на Вангеловски беше поднесено пред повеќе од две години, поради одлуката со која му овозможи на Сеад Кочан, обвинет во случајот Труст да не оди во притвор.

Покрај Вангеловски, на денешната седница на Судскиот совет е разрешен и Рахилка Стојковска за нестручно и несовесно работење.

Вангеловски не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Toј на барање на НОВА за коментар за разрешувањето рече дека нема да дава никаква изјава.

Вангеловски – функцијата претседател на Врховниот суд ја извршуваше во два мандати. Прв пат за претседател на Врховниот суд беше избран во 2008 само два месеци откако стана врховен судија.  На оваа позиција остана се до 2012 година.

Јово Вангеловски доби втор мандат како претседател на највисокиот суд во земјата, на итна седница на Судскиот совет во 2017 година. За оваа функција тогаш беа номинирани и судиите Лидија Неделкова, Снежана Бајлозова и Беса Адеми.

На почетокот на годинава Врховниот суд донесе правно мислење со кое ги прогласи за незаконски сите истраги и обвиненија  што СЈО ги отвори по јуни 2017 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.