Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација ја одби жалбата: Боки 13 останува во притвор

0
By Нова ТВ on October 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 4, 2019 13:35

Првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски останува во притвор, одлучи денеска Апелацискиот суд.

Апелација не го прифати барањето на адвокатите на Боки 13 за укинување на мерката притвор, поради опасност од бегство.

Јовановски вчера на јавната седница во Апелација побара укинување на притворот или замена со куќен притвор, бидејќи му е потребна медицинска нега поради како што рече двете неуспешни операции и поради лекарска грешка, со што му бил пресечен нерв во желудникот. Имал проблеми и со белите дробови и четири дијагнози за проблеми со кичмата.

„Мојата состојба е животно загрозувачка. 81 ден колку што сум во притвор немам добиено соодветна лекарска нега, затоа што условите таму каде што сум се такви, а затворскиот лекар не може многу да ми помогне.

Тоа што физички изгледам добро, не ја отсликува мојата здравствена состојба“ рече Боки 13.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски до Апелациските судии достави медицинска белешка потпишана од д-р Зоран Спировски од Торакална хирургија во која се наведува дека на Боки 13 му е неопходна хоспитализација. Дуковски наведе дека Боки 13 секој ден повраќа и доколку не се лекува може да умре.

Кривичниот совет на 13 август  одлучи да му го продолжи притворот на Боки 13 со нови 30 дена во притвор, поради опасност од бегство.

„Има сомневање дека осомничениот може да побегне поради избегнување на кривична одговорност и природата на стореното кривично дело. Тој нема засновано работен однос, нема семејство, нема имот на свое име и често патувал во странство. Постои опаност да ја попречува постапката со влијание врз сведоци и може да го повтори делото“.

Во текот на постапката преземени се повеќе истражни дејствија, дадени се наредби за вештачење кои се уште не се завршени и испитани се голем број на сведоци, пишува во одлуката.

Судечкиот совет на Апелација во наредните денови ќе соопшти дали ќе ја прифати жалбата на Боки 13 за куќен притвор со одредување на други мерки за обезбедување на осомничениот или тој ќе остане во  Шутка.

Во Апелација стигна нова жалба од Катица Јанева

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.