Косовската центрана изборна комисија, на основана преброени 40 отсто од гласовите објави дека најмногу гласови на предвремените парламентарни избори досега има Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа -25,28 отсто, следува Самоопределување со 24,03 отсто, ДПК на Хашим Тачи со 22,82. Коалицијата на Рамуш Харадинај освоила 12,66 отсто од гласовите. Српската листа ги очекува сите 10 места во Парламентот, загарантирани за Србите. Излезноста била 44,19 отсто.
Во меѓувреме и Самоопределување на Албин Курти, и Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа и Демократската партија на Косово на Кадри Вејсели прогласија победа.
Заменик претседателот на ДСК Љутфи Хазири на прес конференција изјави дека според податоците добиени од тимовите на избирачките места на партијата, тие се наоѓаат во водство пред Самопределување, која според него е втора партија според освоените гласови. Хазири одби да каже со која партија би коалицирале, но како што рече останува дека сигурно не со ДПК.
Најголема излезност има во општините со српско мнозинско население, објавено е на сајтот на Централната изборна комисија – Зубин Поток со 57,31 отсто од гласачите, Штрбце со 55,18 отсто, потоа Клокот со 51,91, Ново Брдо со 51,86, Звечан со 51,63 и Ранилуг со 51,20 отсто. Потоа следуваат општините Лепосавиќ со 46,84 отсто, Партеш со 45,96, Грачаница со 44,82 и Северна Митровица.
Српскиот председател Александар Вучиќ на прес конференција вечерва рече дека Српската листа остварила најубедлива победу во историјата на изборите на Косово.
Српската листа во српските средини освоила 98,07 отсто гласовите, рече Вучиќ.
Обвинителството денеска одреди притвор за две лица од избирачкиот одбор во ОУ „Свети Сава“ во северниот дел на Косовска Митровица бидејќи и овозможиле на една жена да гласа со извод на родени. Неправилности се забележани на повеќе десетини места.
На изборите учествуваа вкупно 20 партии, четири коалиции и еден независен кандидат.
Изборите ги следеа повеќе од 30.000 набљудувачи, а Европската унија имаше сопствена набљудувачка мисија.




