Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата победи на парламентарните избори во Косово

0
By Нова ТВ on October 7, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 7, 2019 07:31

Двете досегашни опозициски партии во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), според официјалните податоци на Централната изборна комисија (ЦИК), победија на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во земјата, јави МИА од Приштина.

Врз основа на 99,6 отсто од преброените гласови, партијата на Албин Курти, ВВ, освои 25,76 отсто, додека ЛДК на Иса Мустафа, која на овие избори ја предводеше кандидатката за премиерка Вјоса Османи, 25,06 отсто од гласовите.

Изразено во бројки, од над 851 илјада гласачи кои излегоа на гласање (од вкупно 1,937 милиони граѓани со право на глас), за ВВ гласале 197.134, додека за ЛДК 191.772 лица.

Од партиите кои до овие избори беа на власт, Демократската партија на Косово (ПДК) на досегашниот собраниски спикер Кадри Весели освои 21,18 отсто (162 илјади гласа), коалицијата на Алијансата за иднината на Косово (ААК) на досегашниот премиер Рамуш Харадинај со Социјалдемократската партија (ПСД) на приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети – 11,61 отсто, односно околу 89 илјади гласови, додека за коалицијата на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Алијансата Ново Косово (АКР), партии на досегашните вицепремиери Фатмир Лимај и Беџет Пацоли, гласаа 37,7 илјади лица, односно 4,93 отсто од оние кои излегоа на избори. Резултатот на оваа коалиција е едно од поголемите изненадувања на вчерашните избори, со оглед дека таа не успеа да го помине изборниот праг од пет отсто и нема да има пратеници во законодавниот дом.

Од партиите на косовските Срби, Српската листа забележа убедлива победа во однос на другите партии кои ја претставуваат српската заедница во земјата, со освоени 47,6 илјади гласови. Тоа е 6,22 отсто од вкупниот број на гласови на вчерашните избори и околу 98 отсто од гласовите кои ги добија сите партии на српската заедница во Косово.

Албин Курти

По објавувањето на резултатите, ВВ синоќа на полноќ организира прослава во центарот на Приштина, на која присуствуваа повеќе илјади нејзини членови и приврзаници. Партискиот лидер Курти, во своето обраќање од плоштадот „Скендербег“ порача дека новата влада, која ќе ја води тој, ќе стави крај на државниот криминал, корупцијата и непотизмот и ќе соработува со САД, Германија и другите партнери од Западна Европа, а ја повика ЛДК и Вјоса Османи заедно да ја водат земјата.

Османи во изјава за медиумите изрази задоволство поради тоа што, како што рече, „опозицијата ја испрати власта во опозиција“. За соработката со ВВ најави дека ќе се разговара откако ќе бидат официјализирани резултатите на гласањето, вклучително и броењето на гласовите на дијаспората кои се испратени по пошта и кои треба да се избројат во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре.

Лидерите на ПДК и на коалицијата ААК – ПСД, Весели и Харадинај, во обраќања преку медиумите го признаа изборниот пораз и изјавија дека ќе дејствуваат како опозиција.

Централната изборна комисија (ЦИК) на Косово по затворањето на гласачките места синоќа во 19 часот објави дека гласањето за вонредните парламентарни избори вчера протече мирно и без поголеми инциденти, а своето право на глас го искористија 812.049, или 44,18 од вкупно нешто над 1,9 милиони граѓани со право на глас.

Претседателката на КИЦ Ваљдете Дака на синоќешната прес-конференција, по затворањето на гласачките места, изјави дека на денешните парламентарни излезноста била за 3% повеќе одошто на претходните избори, одржани во јуни 2017 година.

Таа информира дека 24-часовниот рок за поднесување жалби започна веднаш по завршувањето на гласањето, во 19 часот.

– Според информациите на општинските изборни комисии затворени се сите гласачки места и започнат е процесот на броење на гласачките ливчиња. Според прелиминарните резултати од 2.418 гласачки места, или 95 отсто од нив, бројката на граѓаните со право на глас кои излегоа на избори е 812.049, или 44,18 отсто од 1.937.868 гласачи, информира Дака во последното вчерашно обраќање до јавноста

Српската листа со најубедлива победа досега

Српскиот претседател Александар Вучиќ, доцна синоќа на вонредно обраќање пред јавноста изјави дека Српска листа на денешните предвремени парламентарни избори во Косово, остварила најубедлива победа во својата историја, додавајќи дека „ова му е една од најомилените победи, затоа што е постигната во најтешки услови.“

Вучиќ рече дека оваа партија, која беше подржана од властите во Белград, освоила повеќе од 90 проценти од гласовите во сите општини со српско мнозинство во Косово.

Коментирајќи ги резултатите на албанските партии, Вучиќ рече дека моментно води Демократскиот сојуз на Косово, на Иса Мустафа, но дека по пребројувањето на гласовите од странство, очекува дека најмногу места во новиот парламент ќе добие Самоопределување на Албин Курти.

Тој изрази надеж оти до декември во Приштина ќе се формира влада која ќе ги укине таксите на увозот на стоки од Србија, со цел да се создадат услови за продолжување на дијалогот.

Вучиќ истакнаа дека за него е важно да може да разговара со легитимни преставници на Албанците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.