Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Рекет“: Проширена истрага со нови осомничени, обвинението е подготвено

0
By Нова ТВ on October 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 9, 2019 22:56

На Јасна Мандиќ-потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, вечерва и е изречена мерка домашен притвор, по барање на обвинителката Вилма Русковска. Мандиќ попладнево беше спроведена во Кривичниот суд поради постоење основано сомнение за помагање при извршување на кривичното дело „измама“.

Адвокатот на Мандиќ, Душко Јанковиќ, вечерва изјави дека барањето на Обвинителството била ефективна мерка притвор, но, како што рече, согласно постоечката состојба и тежината на обвинението како и на лични и семејни прилики, одреден и е куќен притвор. Тој рече дека за нив ова е прифатливо решение, бидејќи како што појасни, во овие постапки се подразбира определување мерка притвор.

Обвинителката Вилма Русковска по исказот на Мандиќ во Кривичен, кажа дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес.

Претходно денеска, Нова ТВ објави дека потпретседателката на Собранието Фросина Ременски е осомничена во „Рекет“ .

За неа се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

Таа е опфатена со проширената истрага против нови четири лица осомничени за перење пари, измама и помагање во измама, во делот на исплатата на средства за наводната изградба на старечки домови на сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

Ременски беше почесен претседател на Меѓународниот сојуз на чија сметка легнале парите. Покрај Ременски и Јасна Мандиќ, со оваа истрага е опфатен и таткото на Боки 13, Миле Јовановски и неговата асистентка во Сојузот Кристина Карајованова.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека секој пат кога лице е осомничено, треба да биде и времено отстрането, се додека не си ја докаже невиноста.

-Ја добив информацијата дека има соопштение, а за кои лица се однесува, дека се работи за потпретседател на Собранието, тоа слушнав од вас. Нашиот став е секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеме мерки и санкции, времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност. Прво да прочитаме за што е тоа лице осомничено, треба да испочитуваме еднаков третман пред законите, рече Заев и најави дека утре ќе може да даде свој став – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање за обвинението против Ременски.

Русковска вечерва истакна дека ОЈО обезбедило докази за трагата на парите во аферата „Рекет”.

„Имам издадено наредба на три локации да се изврши претрес кај три лица. Утре за сите осомничени од првата притворена група во „Рекет“ ќе побараме продолжување на мерката притвор“, рече Рускоска.

За останатите нови осомничени, се бараат поблаги мерки како одземање пасош, еднаш неделно да се јавуваат во судот и ненапуштање на живеалиштето.

Обвинителката Русковска вечерва исто така соопшти дека еден од еден од осомничените побарал спогодба со Обвинителството, но ниту го кажа неговото име ниту  пак сакаше да каже каков е ставот на Обвинителството.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осомничените за спогодба, не се поднесе официјално барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

За „Рекет“ првично беа осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски за тргување со влијание и за перење пари, и Катица Јанева за злоупотреба на службената положба. Јовановски (од 15 јули) и Јанева (од 21 август) се уште се во притвор, додека Милевски од неодамна е во домашен притвор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.