Нобеловата награда за литература за 2019 година му е доделена на австрискиот писател Петер Хандке. Во исто време, полската писател Олга Токарчук со задоцнување ја добива Нобелова награда за литература за 2018 година. Ова го објави Шведската академија во Стокхолм.
И двете награди се од по девет милиони шведски круни (околу 830.000 евра). Како и другите Нобелови награди и тие ќе бидат доделени на 10 декември, денот на смртта на основачот на наградите Алфред Нобел. Последен пат Нобеловата награда за литература беше доделена во 2017 година на британскиот писател роден во Јапонија, Казуо Ишигуро.
76-годишниот австриски драмски писател романсиер и поет Хандке ја добива наградата за „влијателно дело кое со јазична генијалност ја истражуваше периферијата и специфичноста на човечкото искуство“, се вели во соопштението на академијата.
Сепак, тој важи за контроверзна фигура поради неговата поддршка на Србите за време на војните во екс Југославија во 90-тите години и поради неговиот говор на погребот во 2006 година на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ, кој беше обвинет за геноцид и други воени злосторства.




