Published: Thursday, October 10, 2019 15:10
Најголемата група во Европскиот парламент – Европската народна партија ќе гласа против кандидатот на францускиот претседател Емануел Макрон за член на Европската комисија, Силви Гулар, изјави денеска портпаролот на ЕПП.
Макрон ја предложи Гулар, поранешен дипломат и европатеничка, за комесарка за внатрешните пазари во ЕУ, одговорна за одбранбенa интеграција на Унијата, пренесуваат британските медиуми.
-Сигурно ќе гласаме против, рече портпаролот на ЕПП, со што нејзиното потврдување на функцијата веќе е доведено во прашање.




