Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Турција да покаже воздржаност

0
By Нова ТВ on October 10, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 10, 2019 21:27

Очекуваме од Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да се одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања, порача од Атина, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна истакна дека Грција ги осудува турските операции во Сирија и додаде дека е должност НАТО и меѓународната заедница да влијаат за прекин на огнот.

Воените операции на Турција во Сирија, бегалскиот/мигрантскиот проблем, ситуацијата во поширокиот регион и на Балканот и кипарското прашање беа дел од темите што се најдоа на агендата разговори на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Генералниот секретат на НАТО, Јенс Столтенберг на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина.

-Имам изјавено дека очекуваме од Турција да покаже воздржаност, а нејзините акции во северна Сирија да се одмерени, пропорционални и да се избегнат повеќе човечки страдања. Треба да запомнеме дека мораме да продолжиме да се држиме заедно во нашата заедничка битка против заедничкиот непријател кој е ИСИС (Исламска држава), рече Столтенберг и додаде дека целта на НАТО е да се бори против ИД, а во овие обиди учествува и Грција и Турција.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека ИД повеќе не контролира територии како претходно, но е се уште таму, во Ирак, во Сирија, итн., и истакна дека проблемот треба да се спречи од корен, а целта е враќање на стабилноста.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека „Грција уште од прв момент ја осуди оваа еднострана воена акција на Турција на сириска територија“, ги осудува прекршувањата на договорите и границите, но и дека решението за Сирија треба да биде политичко.

-Должност на меѓународната заедница и на НАТО е сега да изврши секакво влијание за да се наметне прекин на огнот за да не ескалира нестабилноста и да се избегнат човечки загуби и нови бранови на бегалци, но и за да не се поништат напорите за мирно решавање на сириската криза, рече Мицотакис.

Генералниот секретар на НАТО денеска во Атина беше примен и од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.