Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.
Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.
Вкупно 301 кандидат беa номиниран за за оваа престижната награда, од кои 223 лица и 78 организации.
Голем број шпекулации се појавија околу можниот добитник, при што за фаворит се сметаше активистката за клима, шведската тинејџерка Грета Тунберг.
Нобеловката Уидед Бушамауи во јануари годинава официјално ги предложи македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година.
Во април годинава, 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел ја поддржаа иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019 за Преспанскиот договор.
-Ова е првпат на Балканот да се постигне таков иновативен договор. И двајцата премиери го направија овој чекор напред, имајќи голем домашен притисок, а дека на крај стигнаа до таков позитивен резултат, се должи на нивното лидерство. Нивната номинација за Нобеловата награда за мир, испраќа порака до сите дека храброста и прогресивното размислување над националните граници треба да бидат наградени, пишуваат европтатениците во нивното писмо во кое објаснуваат зошто ја поддржуваат номинацијата на двајцата премиери.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе во февруари го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во минатата есен, откако тоа било побарано од САД.
Трамп изјави дека заслужува да ја освои Нобеловата награда за мир по повеќе основи, но сè е наместено.
Но, според правилата на Нобеловата фондација, списоците со номинации не смеат да бидат објавени 50 години.
Кој е добитникот Абиј Ахмед?
Откако стана премиер во април 2018 година, Абиј воведе огромни либерални реформи во Етиопија, што предизвика големи потреси во оваа држава.
Тој ослободи илјадници активисти на опозицијата од затвор и им дозволи на протераните дисиденти да се вратат дома. Но она што се смета за негов најголем успех е потпишувањето мировен договор со соседот Еритреја, со што се стави крај на дведецениски конфликт.
Но, неговите реформи исто така предизвикаа етнички тензии во Етиопија, а како резултат на насилството околу 2,5 милиони луѓе ги напуштија нивните домови.
Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји. Станува збор за судир во кој, поради спорната погранична територија, загинаа голем број лица во обете земји.
Еритреја беше дел од старата етиопска држава, а на почетокот на 60-те беше основано движење за независност на Еритреја, по што следеше тридецениска граѓанска војна.

Абиј Ахмед Али е награден за својата „одлучна и пресудна иницијатива за решавање на пограничниот судир со соседна Еритреја“, се наведува во образложението за наградата од норвешкиот Нобелов комитет за мир.
– Кога во април 2018 година Абиј Ахмед стана премиер, јасно кажа дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо разработи принципи за мировен договор со кој би се ставил крај на долгорочниот застој меѓу двете земји.






