Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нобеловата награда за мир за премиерот на Етиопија за договорот со Еритреја

0
By Нова ТВ on October 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 11, 2019 11:39

Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.

Вкупно 301 кандидат беa номиниран за за оваа престижната награда, од кои 223 лица и 78 организации.

Голем број шпекулации се појавија околу можниот добитник, при што за фаворит се сметаше активистката за клима, шведската  тинејџерка Грета Тунберг.

Нобеловката Уидед Бушамауи во јануари годинава официјално ги предложи македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за кандидати за Нобелова награда за мир за 2019 година.

Во април годинава, 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел ја поддржаа иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за мир за 2019 за Преспанскиот договор.

-Ова е првпат на Балканот да се постигне таков иновативен договор. И двајцата премиери го направија овој чекор напред, имајќи голем домашен притисок, а дека на крај стигнаа до таков позитивен резултат, се должи на нивното лидерство. Нивната номинација за Нобеловата награда за мир, испраќа порака до сите дека храброста и прогресивното размислување над националните граници треба да бидат наградени, пишуваат европтатениците во нивното писмо во кое објаснуваат зошто ја поддржуваат номинацијата на двајцата премиери.

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе во февруари го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во минатата есен, откако тоа било побарано од САД.

Трамп изјави дека заслужува да ја освои Нобеловата награда за мир по повеќе основи, но сè е наместено.

Но, според правилата на Нобеловата фондација, списоците со номинации не смеат да бидат објавени 50 години.

Кој е добитникот Абиј Ахмед?

Откако стана премиер во април 2018 година,  Абиј воведе огромни либерални реформи во Етиопија, што предизвика големи потреси во оваа држава.

Тој ослободи илјадници активисти на опозицијата од затвор и им дозволи на протераните дисиденти да се вратат дома. Но она што се смета за негов најголем успех е потпишувањето мировен договор со соседот Еритреја, со што се стави крај на дведецениски конфликт.

Но, неговите реформи исто така предизвикаа етнички тензии во Етиопија, а како резултат на насилството околу 2,5 милиони луѓе ги напуштија  нивните домови.

Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји. Станува збор за судир во кој, поради спорната погранична територија, загинаа голем број лица во обете земји.

Еритреја беше дел од старата етиопска држава, а на почетокот на 60-те беше основано движење за независност на Еритреја, по што следеше тридецениска граѓанска војна.

Абиј Ахмед Али е награден за својата „одлучна и пресудна иницијатива за решавање на пограничниот судир со соседна Еритреја“, се наведува во образложението за наградата од норвешкиот Нобелов комитет за мир.

– Кога во април 2018 година Абиј Ахмед стана премиер, јасно кажа дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо разработи принципи за мировен договор со кој би се ставил крај на долгорочниот застој меѓу двете земји.

Наградата, во вредност од околу 900.000 долари ќе му биде доделена во Осло на 10 декември.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.