По казните кои денеска им ги изрече Врховниот суд на Шпанија на деветмина каталонски лидери и активисти, поради барањето за отцепување од Шпанија, Врховниот суд на Шпанија издаде европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Налогот е издаден откако судот претходно денеска судот ги осуди каталонските сепаратисти на затворски казни од девет до 13 години.
Налогот е активиран со намера судовите на земјите во кои се наоѓаат пребегнатите каталонски сепаратисти повторно да размислат за нивно предавање на Шпанија, пренесе весникот „Ел Паис“.
Весникот наведува дека налогот се однесува на судовите и министерствата за правда на Белгија, Шкотска и Швајцарија, каде се наоѓаат Пуџдемон и останатите шест каталонски лидери.
Пуџдемон веќе две години се наоѓа во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.
Тој пресудата ја нарече „свирепа“ .
„Време е за реакција….. за иднината на нашите синови и ќерки. За демократијата. За Европа. За Каталонија“, напиша Пуџдемон на Твитер.
Врховниот суд во Шпанија осуди деветмина лидери на борците за независност на Каталонија на казни затвор од девет и 13 години за заведување поради нивната улога на референдумот за независност во 2017 година.
За тројца други кои се прогласени за виновни за непослушност, не им се изречени затворски казни.
Ориол Јункерас, поранешниот потпретседател на Каталонија е осуден на највисоката казна затвор од 13 години, а за него обвинителството барање 25 години затвор.
Дванаесетте политичари и активисти ги негираа обвиненијата.




