Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сатирата против ишчашеностите, бездушноста, нехуманоста

0
By Нова ТВ on December 9, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 9, 2013 09:59

“Бездруго ние немаме развиена сатирично-хумористична литература. Зошто е тоа така? Причините можат да се побараат во нашиот своевиден комодитет, во напластеното сало на нашето спокојство и нечувствителноста кога се работи за другите, во пречувствителноста кога сме ние во прашање, во недостигот на готовност да се видиме самите себе си во искривено огледало, да се потсмевнеме на себе си и на нашите општествени и приватни мани.” Ова важеше пред четириесетина години, кога Ацо Шопов ги објавуваше своите сатирични песни под наслов “Јус-Универзум”. Важи ли сè уште во нашиот Мак-Универзум?

Ајде да видиме:

Прв е меѓу сите поети
со своите проверени квалитети
да се кити со јус-еполети.

Тој е суптилен, тој е фин.
Поезијата од него не се засрамила.
Јава на својата пегаз-камила
повешто и од бедуин.

Чудна е неговата поетска душа:
дома пее, а надвор слуша.

Сè му е познато, сè му е во близина,
песната му лежи на рамна низина.

Своето поетско здание
со стручни награди го позлатува,
а другите ги упатува
во фондовите за општествено признание.
(…)

Како и секој современ поет
тој се дружи само по афинитет.
А афинитетот има друго име:
За да те преведам − преведи ме!

Неговите поетски координати
се движат во простот од дај ми го нá ти.

Најсетне прокапаа и поетските стреи:
ако се мршави хонорарите за обични песни,
поети, пишувајте само ја јубилеи.
(извадоци од “Јус-поет”, првпат објавена во Остен, на 16.11.1966)

Изложбата на делата на 23 Остенови уметници, што денес се затвара по цели три дена оптсанок во МАНУ, е поттик да се потсетиме на времињата кога постоеше единственото сатирично списание во Македонија: Остен. И да се потсетиме дека зборот остен означува традиционално сточарско орадие “што се користи за збоднување на стока, обично волови” (Википедија).

Во тоа време, кога сèуште не знаевме за слобода на израз, за слобода на печат и за сите други продобивки што ни ги донесе демократијата, Ацо Шопов пишуваше: “Сатирата е најакциона од сите видови уметнички акции, најударна, директно свртена против ишчашеностите, бездушноста, нехуманоста, против соц-конформизмот што ги прави луѓето неспособни за какво и да е самостојно ангажирање. Сатирата е сушта спротивност на конформизмот и конформистичката литература, “опасна” и “лизгава” земја, рушител на “мирот” и “редот”. Од сите уметнички ризици, таа е најголем ризик. Но и задоволство, ако не е потфрлање”.

“Замислете го Ацо Шопов во (…) Остен” пишува во 1993 год. Ефтим Проевски. “Можел ли да опстои, а да не го зашили перцето, ако веќе секако му било јасно дека сатирата е лирска поетска магма. Се излива, врие, попарува… Така во весникот се отслика тој незаборавен негов поетско-сатиричен мозаик, познат под насловот Јус-Универзум. Јус − како тогашна буквална мерка за стандардот; Јус − како поетска метафора на стандардите, што ќе рече на оние што не отскокнуваат од пропишаните мерки. Што не отскокнуваат воопшто од себепропишаното сивило.”

Десет години пред тоа, Миодраг Друговац велеше: “Во сатиричните песни на Ацо Шопов појавите, доколку се и персифлирани, тоа е проследено со остра иронија што секогаш е во служба на најдиректното атакување против неименуваните носители на општественото зло, според лозунгот: важни се појавите, важно е самото тоа зло, кое треба да се регистрира, маркира, обелодени, а нивните носители и така и така нè ни се непознати за да би морале да ги именуваме. Во тактичноста на Шопов не е тешко да се одгатне и една мудрост: имено, и како сатиричар тој е поет а не политички референчик од некаква општествена трибина!”

Во Јус-Прозаист, Шопов пишуваше:
Не се секој надарен да пишува проза,
ни стил да има кристален и чист.
Лесно е да опееш некоја коза,
стани ако можеш јус-прозаист.

А во Јус-Сценарист:
Решен да прави кариера
и да го оствари својот план
пред себе вешто тој го тера
својот необичен караван.

А караванот прав што крева
има примероци од секој сој,
први се, јасно, Адам и Ева,
а последен е самиот тој.

Но тој е мудар и полн со вера
и знае како и кој клан
ќе може лесно да се втера
во некој продуцентски план.

На едни Ева им ја нуди
нападната од човек-ѕвер,
на други како да му се суди
на некој висок функционер.
(…)

Ете толку за денес. Пред 40години, кучињата лаеа а караванот си врвеше.

Јасмина Шопова

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.