Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за воведување санкции против Турција во врска со нејзината воена операција во Сирија, соопшти Стејт Департментот.
-Претседателот Трамп го потпиша указот за да ја присили Турција да ја прекине својата воена офанзива во североисточна Сирија и да се согласи на примирије. Овој извршен указ на Министерството за финансии и на Стејт департментот им дава надлежности да ја разгледаат можноста за воведување санкции против физички лица, организации или лица поврзани со владата на Турција и учесници во активности кои создаваат опасност за граѓаните или водат до натамошно поткопување на мирот, безбедноста и стабилноста во североисточна Сирија“, се наведува во соопштението.
„Тројца претставници на турските власти од висок ранг од министерствата за енергетика и одбрана веднаш се ставени на списокот со санкции, во согласност со надлежностите што истовремено со потпишувањето на указот им беа дадени на министерствата“, се вели во документот.
Потпретседателот Мајк пенс изјави дека Трамп го повикал својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган да „ја прекине инвазијата“ врз Сирија и да прогласи „моментален прекин на огнот“
-САД сакаат Турција да ја запре инвазијата, веднаш да прогласи примирје и да поче преговори со курдските сили во Сирија, со цел да заврши насилството, рече Пенс.
Американскиот потпретседател рече дека наскоро ќе ја посети Турција на барање на претседателот Трамп.
Според него, Трамп бил одлучен во намерата во телефонскиот разговор со Ердоган, кој, од своја страна, ветил дека нема потреба да дојде до „напад на градот Кобане“.
Конкретно, со одлука на Трамп од синоќа за 50 отсто се зголемени таксите за увоз на челик од Турција, а тој самиот преку соопштение се закани дека веднаш ќе го прекине договорот со оваа земја вреден 100 милиајрди долари.
„Турција, за жал, се чини не ги ублажува хуманитарните ефекти од инвазијата“, напиша Трамп на Твитер.
Тој наведе дека околу 1.000 американски војници на кои им беше наредено да ја напуштат Сирија, сепак, ќе останат на Блискиот исток за да го спречат евентуалното заживување на Исламска држава.




