Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изет Меџити: Бевме присутни кога се уриваше споменикот на Цар Душан

0
By Нова ТВ on December 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2013 08:34


Бевме присутни ноќта кога имаше обид за уривање на споменикот на цар Душан, не го демантираме тоа. Тука сме и не се криеме, но прво откријте кој го нарача и го постави споменикот, а потоа ние ќе го кажеме нашиот став.

Ова за „Дневник“ го изјавил Изет Меџити, потпретседател на ДУИ и чаирски градоначалник, три дена по оштетувањето на споменикот на цар Душан на мостот „Око“ во центарот на Скопје. Триесетина насилници го оштетиле постаментот на споменикот, како и жезолот и крстот што цар Душан ги држеше в раце.

Меџити не потврдува дали во саботата, еден час по полноќ на Мостот на цивилизациите во Скопје биле присутни и пратеничката Ермира Мехмети, министерот за економија Ваљон Сараќини, шефот на кабинетот на Али Ахмети, Артан Груби.

На оваа тема попладне се очекува да расправа и највисокиот партиски орган – централното претседателство, по што ќе биде обелоденет ставот на ДУИ – дали тие ќе го отворат прашањето за цар Душан и на владина седница в среда.

Меџити не сакаше да коментира зошто претседателот на чаирскиот разгранок Беќир Асани, лично учествувал во уривањето на споменикот.

За оштетувањето на споменикот јавноста беше информирана преку видеоматеријалот на телевизијата „Алсат М“, објавен на официјалната фејсбук-страница на чаирскиот разгранок на ДУИ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

ВЕСТИ May 26, 2026

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе…

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.