Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Опозицијата во Албанија бара предвремени избори по примерот на Македонија

0
By Нова ТВ on October 21, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 21, 2019 14:48

Најголемата политичка сила во Албанија, Демократската партија (ПД) побара спроведување предвремени парламентарни избори, исто како и во Северна Македонија.

Лидерот на партијата, Љуљзим Баша, како што пренесува МИА, истакна дека албанската Влада треба да преземе одговорност за неуспехот на преговорите и да му го врати мандатот на албанскиот народ.

-Време е Владата да го следи примерот на Северна Македонија, да преземе одговорност за нејзините неуспеси и да му го врати мандатот на албанскиот народ. Со нова, легитимна влада која го води процесот на преговори, можен е напредок. Ние сме талентиран, добро образован и вреден народ. Ни треба нова влада, влада која ќе ја води земјата напред во процесот на европските интеграции, влада која ќе произлезе од слободни и фер избори. Условите на ЕУ се наш водич за излез од кризата, за градење демократска Албанија, со можности за сите свои граѓани, вели Баша.

Според него, Советот на ЕУ со одлуката на 18 октомври ја отфрли Владата на Рама, а не Албанија.

-Европа го отфрли Еди Рама, а не Албанија. Неуспехот е на Еди Рама, а не на Албанија. Оваа порака е посилна од кога и да било од Германија која и рече „да“ на Албанија и „не“ на владата преку девет услови што треба да бидат исполнети. Во Европа се оди така што прво ги градите европските стандарди во вашата земја, порача Баша.

Додава дека оценувањето според заслугите „е цврст став на земјите членки за земјите што сакаат да влезат во ЕУ“.

-Повеќето земји се согласија дека албанската Влада не заслужува започнување преговори. За ова беа артикулирани неколку услови. Тешката економска состојба, недостатокот на можности кои се резултат на заробените институциите и нееднаквоста пред законот, ги принудија Албанците да заминат во рекордни бројки во земјите на ЕУ, како баратели на азил,обвини Баша.

Криминалот и корупцијата во земјата, оценува тој, ги загрижуваат земјите од Европската унија.

-Казнувањето за купувањето гласови, фукционирањето на високите судови во земјава, изведувањето пред лицето на правдата на инкриминираните и корумпираните на високо ниво, се барањата за кои нема дискусија за започнување на преговорите, вели Баша.

Тој заклучува дека тоа не се проблеми на Европската унија, како што наведува „пропагандата во режија на актуелниот премиер“, туку „проблеми на неговата влада“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.