Темпото на задолжување на државава е помало од останатите земји кои се соочуваат со кризата, но треба да се намалува, порача гувернерот Богов.
Стимулирањето на растот на економијата со задолжување е мерка која ја презеле многу земји кои се соочиле со криза, но опасноста е помината, укажа Богов и оттука, долгот треба да се врати на пониско ниво.
И покрај фактот што во споредба со регионот сме најмалку задолжена земја, сепак загриженост постои кај двете мегународни финансиски институции Светска Банка и ММФ говорејќи неодамна, за темпото со кое се задолжува државата.
Монетарците предупредуваат дека ризиците од европската криза се уште се присутни,и поради тоа треба да се внимава со новите заеми особено кога станува збор за јавните претпријатија.
Според последните податоци на Министерството за финасии, заклучно со октомври, нивото на јавниот долг на централната влада изнесува 34,5 % од бруто домашниот производ .