НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев како сведок во „Таргет Тврдина“: Незаконски се прислушуваше од МВР- УБК

0
By Соња Петрушевска on October 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Незаконското масовно прислушување се вршело во МВР-УБК, рече премиерот Зоран Заев кој денеска е повикан како сведок на обвинителсвото во случајот „Таргет -Тврдина. Заев рече дека материјалите во кој имал увид, според начинот на кој биле анализирани, синтетизирани, а потоа доставени до тогашниот претседател на владата Никола Груевски, наведуваат на ваквиот заклучок.

Според материјалите со кои располагале во партијата прислушувањето траело од 2008 до почетокот на 2014 година, биле прислушувани над 20.000 луѓе и тие поседувале разговори, транскрипти, смс пораки во обем од еден милион.

За прислушувањето, Заев рече дека дознал непосредно откако бил избран за претседател на СДСМ во 2013 година и за тоа го известил претседателот на партиската комисија за безбедност Зоран Верушевски. Материјалите како што рече се чувале во посебна просторија во СДСМ која била заклучена и увид во документите имале само тој и Верупшевски. Заев кажа дека за незаконското прислушување го известил и тогашниот премиер Груевски кој не верувал и се шегувал кога Заев му рекол дека поседува ваква документација. За да го убеди, Заев на средбата му цитирал делови од телефонски разговор кој само Груевски можел да го знае, а се однесувал на тајното купување плацеви на Водно.

Заев во текот на сведочењето рече дека не ги познавал Ѓорѓи Лазраевски и Ѕвонко Костовски, а на прапшање на обвинителот дали имаал информации дека документите се од овие две лица, Заев одговори: „Не. Ниту прашував од каде доаѓаат. Единствено ме интересираше дали се од институциите“.

Во тој период Заев како што рече се консултирал и со луѓе од Обвинителството на кои им верувал и кои му рекле дека оваа афера никогаш нема да биде судски процесуирана.

По ова, тој одлучил да ги сподели со јавноста. Анализите на тоа што ќе биде објавено го правел лично тој, по што на новинарите им биле делени папки во кои ги имало целосните телефонски разговори од деловите кои биле објавени во јавноста.

Во разговорите кои ги поседувале во СДСМ, 90 и повеќе проценти биле телефонски разгиовори за кои немало дозвола од суд и не биле издадени посебни истражни мерки.

Најголем дел од прислушуваните раговори биле на тогашниот претседал на СДСМ Бранко Црвенковски и на Заев. Тој денеска ја потврди автентичноста на неговите разговори. Биле прислушувани и тогашни високи функционери на опозицијата. По нив, според обем, најголем број биле од телефонски разговори на новинари, експерти, претставници на невладини организации и професори, бизнисмени, високи претсавници на верските заедници и неколку телефонски броеви од високи претставници на власта во тоа време и од сите албански партии.

Обвинителите кои беа во судницата и нивните адвокати приговара само еднаш на поставеното прашање од обвинителот Трајче Пеливанов, и по паузата се очекува вкрстено да го испрашуваат сведокот Заев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.