НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десетина мултинационални компании се главниот извор на пластичен отпад што ја поплавува Земјата

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глобалната коалиција „Ослободете се од пластиката“, во која се вклучени 1.475 организации и вкупно 6.118 лица од целиот свет, предводени од групацијата Гринпис објавија извештај според кој производите на десетина мултинационални компании се главниот извор на пластичен отпад што ја поплавува Земјата.

Кока-Кола, Нестле и Пепси се на врвот на листата најголеми загадувачи со пластични амбалажи. Доброволците на коалицијата собраа скоро половина милион парчиња пластичен отпад во 51 земја на Светскиот ден за чистење, организиран пред еден месец. Вкупно 43 отсто од собраното ѓубре имало етикети на овие светски брендови.

„Во топ 10 листата загадувачи спаѓаат Монделез Интернационал, Унилевер, Марс, Пи енд џи, Колгејт-Палмолајв, Филип Морис и Перфети Ван Мил… Многумина од нив се обврзаа да ги направат своите производи поодржливи. Но, всушност тие во голема мерка уште го штитат застарениот бизнис-модел на еднократна употреба, поради што и се најдовме во оваа ситуација“, се вели во извештајот.

Компаниите генерално избегнуваат одговорност за отстранување на отпадот, посочуваат активистите за животна средина.

„Иако глобалните брендови на потрошувачи ја прифаќаат одговорноста за својот удел во светската еколошка криза, тие се подеднакво агресивни во промовирањето лажни решенија за проблемот“, предупредуваат екологистите.

Промовирањето на рециклирање е нивниот метод за префрлање на одговорноста кон потрошувачите, додаваат тие истакнувајќи дека само девет отсто од пластиката произведена од 1950-тите досега се рециклирала.

Промоцијата на Кока-Кола на пластични шишиња за една употреба, произведени од пластика собрана од океанот и промоцијата за рециклирање на Пепси „не ја одразуваат суштината на проблемот и поскоро гарантираат ескалација на кризата со пластичното загадување“, се истакнува во анализата.

Ваквата состојба е неприфатлива, додаваат економистите, заклучувајќи дека компаниите треба да се откажат од промовирање „лажни решенија“, како што се рециклирање и „биопластика“ и од економијата „заснована на фрлање ѓубре“.

Кина, Индонезија, Филипините, Виетнам и Шри Ланка се меѓу земјите што фрлаат најмногу пластика во океаните, но „вистинските генератори на значителен дел од тоа пластично загадување во Азија се всушност мултинационални корпорации со седиште во Европа и САД“, се додава во документот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.