НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СОНК најави штрајк за 11 ноември-не прифаќа покачување на платите од 10 отсто

0
By Нова ТВ on October 25, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОНК не го прифати предлогот на Министерството за образование и наука за зголемување на платите од 10 отсто кое би било од април следната година и најавува генерален штрајк и целосен прекин на наставата за 11 ноември.

Вака одлучил Советот на СОНК кој не е задоволен од 10 -те проценти покачување на платите кое го понуди МОН како и од рокот – април следната година и инсистира тоа да биде во јануари.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес-конференција рече дека своите интереси ќе ги бранат со штрајк што се предвидува за 11 ноември годинава.

-Советот на СОНК во овој период на помирување до генералниот штрајк, до кога има 15 работни дена, уште еднаш го отвора барањето до МОН и бара предвиденото зголемување да не почнува од април 2020 година, туку наше барање е да почне од 1 јануари 2020 година, рече Неделков.

Од СОНК предлагаат понудените 10 отсто да бидат предмет на договарање, односно, како што рече Неделков, да се понуди поголемо зголемување. Како придружни барања што ќе се достават до МОН, како што најави Неделков, се измени и дополнувања на колективните договори за основно и за средно образование во кои ќе се иницираат регрес за годишен одмор, надоместоци поврзани со превоз на вработените, прекувремените наставни часови кои досега воопшто не се исплаќале, ревидирање на плаќањето во комбинирана настава… Неделков смета дека е итно барањето за изготвување и потпишување на колективен договор за високо образование и наука кој би бил со период на имплементација од 1.1. 2020 година.

Одговарајќи на новинарско прашање, Неделков рече дека доколку не се исполнат нивните барања би се одржал штрајк кој ќе биде со прекин на работниот процес во основните, средни и високообразовни институции.

Тој очекува во меѓупериодот до најавениот штрајк, нивните барања да бидат разгледани и да имаат средба со претставници на Владата и на МОН.

Претседателот на СОНК  на 8 октомври беше на средба со премиерот Зоран Заев и министерот за образование Арбр Адеми кога беше понудено покачување на платите од 10 отсто од април следната година. Неделков тогаш рече дека конечниот одговор на понудата ќе ја даде откако ќе ги добие мислењата од членството преку нивните регионални организации.

Барањето на СОНК од почетокот на учебната година беше зголемување на платите на наставниците за онолку проценти за колку што е зголемена минималната плата во државава, односно до 25 проценти. Синдикатот на првиот училишен ден одржа предупредувачки штрајк со најава дека тој ќе биде генерален ако за еден месец не биде постигнат договор со Владата.

СОНК организираше предупредувачки штрајк на почетокот на учебната година која поради тоа започна со еден ден задоцнување.

Според Синдикатот просечната плата на наставничкиот и професорскиот кадар во основното образование е 21.600 денари, а 22.500 денари во средното образование, додека помошно техничкиот пресонал има 13 илајди денари плата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.