Британскиот премиер Борис Џонсон денеска од шефот на опозицијата Џереми Корбин побара „да се однесува како маж“ и да прифати предвремени парламентарни избори за иднината на Брегзит да може да се помести од мртва точка.
Шест дена пред поставениот рок за Брегзит, Брисел ја одложи одлуката за тоа колку ќе биде пролонгиран даумот за излез на Велика Британија од ЕУ без договор, пред се, поради високите економски опасности и штети.
Без обезбедено парламентарно мнозинство, конзервативецот Џонсон за да го исполни своето ветување за Брегзит на 31 октомври, сака в понеделник да организира гласање за оддржување предвремени парламентнарни избори на 12 декември. За таква одлука му е потребно двотретинско мнозинство од пратениците и поддршка од лабуристичката опозиција.
-Време е Џереми Корбин да се однесува како маж, рече Џонсон за Скај њуз. Притоа тој додаде дека неговото ветување за Брезит на 31 октомври „ е се уште можно“, иако, за жал, тоа зависи и од тоа што ќе каже ЕУ.
Корбин синоќа изјави дека неговата партија нема да гласа за избори се додека постои заканата за излез од ЕУ без договор.
По состанокот на амбасадорите од 27 земји членки, вчераутро, ЕУ повторно му ја врати топката на Лондон. Според неколку европски извори, нов состанок на амбасадорите ќе има во понеделник или вторник кога ќе се одлучи за тоа колку ќе биде одложен Брегзит.




