Сликањето на американскиот претседател Обама, британскиот премиер Камерон и данската премиерка Торнинг-Шмит, на комеморацијата за таткото на Африка и светскиот херој, најголемиот борец за човекови права, Нелсон Мандела, предизвика реакции и критики.
Данската премиерка Торнинг-Шмит е мажена со Стивен Кинок, син на Лорд Нил Кинок, поранешен Лабуристички лидер и екс- потпретседател на Европската комисија.
Токму на оваа тема, Камерон беше испрашуван во срцето на британската демократија- Парламентот.
Вака се одвиваше духовитото барање за отчет и одговорот, типични за славниот британски хумор:
МП: Дали премиерот имаше можност да дискутира за меѓународната употреба на мобилни телефони со некои други шефови на европски влади во последните денови?
Камерон: Веројатно во моја одбрана телевизиските камери секогаш се вклучени, но во моја одбрана јас ќе кажам дека вие секогаш треба да запамтите дека Нелсон Мандела играше неверојатна улога за време на неговиот живот и неговата смрт, здружувајќи ги луѓето и кога ме член на семејството Кинок ме праша за фотографирање јас љубезно реков- да.