НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новиот Клинички напролет-изборите немало да ја запрат изградбата

0
By Менче Атанасова Точи on October 29, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Веле Поле, просторот во населбата Ѓорче Петров, каде што треба да биде изграден новиот Клинички центар во моментот нема никакви активности. Во Општина Ѓорче Петров потврдуваат дека е донесен само Урбанистичкиот план, а се друго околу инфраструктурата е предвидено во тендерската постапка во Министерството за здравство.

„Донесен е урбанистичкиот план, следниот чекор е сообраќајницата. Но, се останато како што е идеен, главен проект и се друго, е во надлежност на Министерството за здравство“, изјави за НОВА, Александар Наумовски градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Постапката со тендерот во моментот е втора фаза на дијалог и во ресорното Министерство велат дека не може да знаат колку ќе трае бидејќи целиот процес е многу комплициран.

Премиерот Заев тврди дека Министерството за здравство реалоцира средства на Општина Ѓорче Петров, на Град Скопје, на Јавното претпријатие за државни патишта, како и на други јавни претпријатија за да се создадат услови за пристапен пат со клучка, за водовод и канализација, за спроведување на гас, како и на електрична енергија.

„Се тоа се подготвува и се создаваат услови  за да може на пролет да почне изградбата на Клиничкиот центар“, изјави премиерот Заев.

НОВА го праша премиерот Заев дали тоа значи дека рокот до јануари кој го најави министерот Филипче ќе биде пролонгиран.

„Не, инфраструктурата од јануари, февруари верувам дека ќе може да почне. Секако мора да го вкалкулираме тука и правото на жалба и додека не заврши правосилноста на сите постапки не ни може да започне изградбата. Ние сме пред избори и јас би сакал пред избори да почне изградбата, но секако постапката правно формално ќе ја задржиме до крај, а после тоа да започне изградбата како на инфраструктурата, но и почетокот на изградбата на огромниот Клинички комплекс“, изјави премиерот Заев.

Тој смета дека предвремените избори закажани за 12 април нема да ја закочат постапката за изградба на новиот Клинички центар и нагласи дека се консултирал со правници за да се види што е дозволено за време на техничка Влада, по што се констатирало дека изборите нема да ја запрат изградбата на Клиничкиот центар.

„Одржавме состаноци со правниците ги видовме сите дозволиви и недозвливи работи за време на техничка влада, 40 дена пред избори, 20 дена пред избори во кампања и видовме дека нема ништо да застане во ваквите сериозни постапки на избор на изведувачи. Паралелно се движат постапките за кредитната линија со Министерството за финансии, а Министерството за здравство ја заврши првата фаза во делот на технички дијалог со заинтересираните . Постапките очекуваме да завршат околу или после Нова година“, рече Заев.

Новиот Клинички центар власта одлучи да го гради на локацијата „Веле Поле“ со површина од 20 хектари државно земјиште, кое се наоѓа во близина на обиколницата, а образложението беше дека просторот е избран заради брзиот пристап од сите страни.

На почетокот на август годинава Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиотКлинички центар на грин-филд локација по моделот „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проектот.

Според концептот на договорот изградбата треба да се врши во три фази, а право на учество на тендерот имаа домашни и странски компании. Рокот за реализација е 90 месеци.

Станува збор за проект вреден 500 милиони евра и во моментот е најголема инвестиција во државата. Финансиските средства ќе се обезбедат преку заем од конзорциумот Рајфајзен банк, ЕрстеГруп и УниКредит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.