Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Баумер“ отвори фабрика во Бунарџик за сензорска технологија

0
By Нова ТВ on October 31, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 31, 2019 15:51

Напредна сензорска технологија и други полуфабриканти од електрониката ќе се извезуваат на европскиот пазар од фабриката на швајцарски „Баумер“ што денеска официјално стартуваше со работа во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик.

Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери. Фабриката во Бунарџик е нивен 39-ти капацитет во 20 држави.

Сопственикот на групацијата Оливер Вице истакна дека нудат вештини за висока технологија, интересни работни места и одлични услови за работа. Стартувале со локален тим од искусни професионалци кои во иднина ќе го прошират со едукација на мотивирани млади инженери и кавлификувани работници. Во првата фаза на изградба, компанијата се концентрира на производство и производствен инженеринг, како и на ЦНЦ производство. Во следната фаза на проширување се планираат тимови за развој на нови производи составени од инженери за хардвер и софтвер, како и специјалисти за ИТ.

На површина од 19 илјади метри квадратни површина, изграден е капацитет од четири илјади метри квадратни од кои 2.500 метри квадратни за производство, а 600 метри квадратни за развоен центар и администратевиен простор. Покрај тоа  има доволно слободен простор за реализација на идниот раст, наведе Вице, истакнувајќи дека стартувале со производство во ТИРЗ Скопје 1 по само 18 месеци од одлуката за инвестирање.

Како што потенцираше, технолошко-индустриската развојна зона во близина на Скопје ги исполнува сите услови за зајакнување на позицијата на Баумер на европскиот пазар, а Скопскиот регион располага со високо квалификуван персонал и локациски им овозможува брза достава до клиентите ширум Европа.  –

„Баумер“, посочи на свеченоста премиерот Зоран Заев, е  синоним за квалитет, компетитивност  и софистицирани проозводи и решенија според највисоките технолошки стандарди. Како и „Баумер“ така и  политиките на Владата се насочени кон поддршка на иновативни концепти, решенија и технологии.

-Компанијата е една од светските производители на сензори, инструменти за мерења,  испитување и навигација. Сензорите кои се проуиведуваат се клучна технологија и се употребуваат во повеќе индустрии: автомобилската, тешката и лесната индустрија, медицинските науки, авиоиндустријата, мобилните уреди и други области. Има вработени 2.500  лица, а во оваа фабрика тука во која се вложени 4,5 милиони евра во правата фаза ќе вработи 150 граѓани. Посебно радува развојната компонетна и ќе се отворат можности за дополнителни 500 работни места, рече Заев.

Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, добро е што сега се отвораат капацитети со висока технологија за разлика од порано кога во државата имало само трудоинтензивни. Како резултат на Законот за финансиска поддршка на инвестиците изминатите две години се отворени 30-тина фабрики и 54 илјади нови работни места. Можностите за инвестирање, посочи, се препознаени и од „Баумер“ кои произведуваат сензори, мерни инструменти, опрема за испитување и навигација и се дел од  автоматизација на процесите.

-Тие планираат во нашата држава да направат развоен истражувачки центар, каде ќе бидат вработени наши млади инженери од нашите универзитети и кои ќе придонесат за развој на нивната компанија. Тоа е единствениот начин како наместо млади од нашата држава да извезуваме производи, посочи Анѓушев.

Амбасадорката на Швајцарија во државава Сибил Сутер Техада, исто така потенцираше дека „Баумер“ ќе отвори нови работни места, но и ќе придонесе во пренесување знаење и развој на нови технологии.  Швајцарските фирми се познати по тоа што сакаат да инвестираат надвор и исто така очекуваат поволни и што е најважно веродостојни партнери за нови бизниси. Интересот на швајцарските компании за инвестирање  во државава се зголеми и има потенцијал за натамошни инвестиции, рече швајцарската амбасадорка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.