Официјално го нарекуваат Римскиот календар, но, продавачите смислиле поатрактивно име за потенцијалните купувачи. Календар „Жешки свештеници“ е натписот пред речиси секоја тезга низ Рим каде што се продава вистински календар со вистински портрети на млади и атрактивни католички свештеници. Се продава по цена од десет евра, а во опкружувањето на самиот Ватикан кое најчесто е полно со туристи има третман на високо „барана роба“. Авторот на фотографиите од свештеници Пјетро Паци изјавил дека немал намера од календарот да прави некаков секс продукт, туку идејата била да го доближи Ватикан до луѓето.
-Да, мажите на фотографиите се згодни, но тоа е само производ, начин на кој луѓето ќе разберат повеќе за Ватикан, вели Паци.
Засега, според пишувањата на италијанските медиуми, календарот оди како алва. Дали вниманието е заслужено, проценете сами.