НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕГА: Нивото на информираност на младите за работничките права на ниско ниво

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нивото на информираност на младите во земјава за нивните работнички права е на многу ниско ниво, покажува истражувањето на Центарот за напредни студии на Југоисточна Европа – Универзитет Риека од Хрватска, спроведено во рамки на проектот „Права на работа, работа за права”.

Како што информираат од Коалицијата на младински организации СЕГА, која е еден од десетте партнер-организации, проектот се имплементира од декември 2018 година и почна со истражувањето на млади вработени за тоа колку ги користат своите права од работен однос и положбата во нивното работно опкружување. Истражувањето е спроведено на 1.000 млади вработени во јавниот сектор.

„Следејќи ги потребите на младите анкетирани, обучени врснички едукатори – млади активисти на синдикатите од вклучените земји во текот на летото разговараа за најразлични теми кои ги засегаат младите а тоа се мобингот, правото на породилно отсуство, боледувањето, употребата на слободни денови за дополнително образование и многу други прашања од областа на Законот за работните односи. Повеќе од 200 млади луѓе од Северна Македонија досега учествуваа на овие работилници и добија информации од прва рака“, наведуваат од СЕГА.

Наспроти работата со младите, проектот изработи информативен и едукативен видео материјал, како и брошура „Водич низ правата од работен однос на младите, појави кои ги загрозуваат и механизмите на заштита” која е со бројни примери од пракса, а направена е на јазик разбирлив за младите.

„Резултатите од овој проект, заеднички со препораките за продолжување на оваа тема не се важни само за младите луѓе, туку и за сите вработени, а ќе бидат претставени на завршната конференција која ќе се одржи во Белград на 28–29 ноември со претставници на меѓународни институции и државните органи од секоја држава. Идејата на проектот е да ја подигнеме свеста на младите вработени, со намера да се подигне свеста и во работното опкружување. СЕГА ќе продолжи да работи на оваа тема, вели извршниот директор на СЕГА и координатор на проектот, Зоран Илиески.

работнички права СЕГА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.