Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верушевски ќе добие оштета од 42 000 евра за 344 дена поминати во притвор за „Пуч“

0
By Нова ТВ on November 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 4, 2019 14:53

За времето поминато во притвор за случајот „Пуч“, Основниот суд Скопје два му досуди оштета на екс разузнавачот Зоран Верушевски од 42 000 евра за неосновано лишување од слобода. Верушевски и неговата сопруга беа 344 дена во притвор, откако во јавноста беше обелоденото масовното незаконско прислушување.

Верушевски ја тужеше државата откако СЈО го повлече обвинението и бараше оштета од 70 000 евра.

Обвинителството го покрена предметот „Пуч“ по обелоденувањето на аферата со прислушуваните разговори, а по прес конференцијата на тогашниот премиер Груевски на која тој обвини дека „прислушуваат странски служби преку домашни агенти“.

Верушевски, неговата сопруга и Ѓорѓи Лазаревски беа обвинети за шпионажа, а Заев кој беше четвртообвинет во случајот беше обвинет за насилство спрема претставници од највисоки државни органи. За истото дело беше обвинет и петообвинетиот Палифров. На сите им беше одреден притвор, освен на Заев, кому му беше одземен пасошот. Притворот им беше  во декември 2015 година.

Верушевски беше обвинет од ОЈО и за  неовластено поседување на службениот пиштол.

Како што рече судијката во денешната пресуда, Верушевски, претрпел душевна болка поради неоснованото апсење и држење во притвор 344 дена за што беше доставен и психијатриски наод.

Премиерот Заев кој 4 години по  објавувањето на првата „бомба“ беше повикан како сведок во случајот „Трагет – Тврдина“ за незаконското масовно прислушување, рече дека очекува да се отвори  истрага и за креаторите на случајот „Пуч“.

„Ако немало допрен глас досега, нека допре мојот глас сега до нив. Во тоа време, наместо Јавното обвинителство да го истражи ваквото незаконско прислушување, кршење на човековите права, тоа Јавно обвинителство се стави во функција на политиката, која во тоа време ја водеше извршната власт под раководство на Никола Груевски, го формира „Пуч“ за да може мене, господинот Верушевски, неговата сопруга, господинот Бранко Палифров, Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, да нè гонат, а веројатно трагаа по планината и по децата на семејството Верушевски, конструирајќи монструозност“, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање по сведочењето во „Таргет – Тврдина“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.