Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Ратификацијата на договорот со НАТО не треба да се поврзува со датумот на изборите

0
By Нова ТВ on November 4, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 4, 2019 16:35

Претседателот Стево Пендаровски смета дека датумот за предвремени парламентарни избори не треба да се поврзува со ратификацијата на договорот за членство на Северна Македонија во НАТО. Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тетово, претседателот кажа дека Собранието има можност да работи се додека не се верификуваат мандатите на новите пратеници.

-Не е мое да кажувам дали изборите ќе бидат на 12 април или не. Она што би сакал да го коментирам во однос на можноста за некакво одложување, тоа е врзано со ратификацијата на пристапниот договор кон НАТО и во нашиот Парламент. Кога ќе завршат сите ратификации кај сите земји членки и ние тој договор ќе треба да го ратификуваме во македонскиот Парламент. Во однос на тоа не треба да има никаква дилема. Парлементот постои и е активен се додека не се избере следниот парламент. Ако затреба кај нас да се ратификува тоа нема никаков проблем и притоа би апелирал да не се занимаваме со технички и правни задолженија. Ако треба, кога имате правно кажано техничка влада, мора и да има и технички парламент и не може да постои само техничка влада, а парламентот воопшто да не егзистира. Ако дојдеме до ситуација ќе се ратификува договорот без разлика кој месец да биде, воопшто да не се доведува датумот на изборите со тоа“ рече Пендаровски.

Шефот на државата рече дека дипломатија продолжува со евроинтеграциите и фокусот е Франција.

-Правиме напори практично од првиот ден, практично веднаш после последниот бриселски самит на ЕУ, да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.

Претседателот на државата вечерва има среда со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

-Највисоките европски функционери велат главните одлуки објективно се носат во главните градови на неколку земји членки, а ние како европски функционери само ги соопштуваме. Не се сомневам во неговата добра информираност и воопшто не се сомневам во неговата добра намера кон нас и ова не му е прва изјава во таа смисла. Вечерва ќе ја искористам приликата да поразговарам подлабоко и подолго со Сасоли. Сепак мислам дека наредниот период, наредните недела ќе треба да добиеме посилен сигнал во таа насока дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолен исход на последниот европски самит пред се Франција, истакна Пендаровски.

Шефот на државата во Тетово беше на средбите со граѓаните во рамки на проектот „Лице в лице со претсетдателот“.

Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.