Предлог – буџет за 2014 година денеска тема осумдесеттата собраниска расправа. Државната каса за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари.
Приходите се планирани на 158 милијарди и 243 милиони, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори.
Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата на 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.