Утревечер во Македонската опера и балет во 20 часот, премиерно ќе биде изведен мјузиклот „Пенелопе икс“. Автор е композиторот Никола Коџабашија, режијата е на Миа Тајл Хајве од Данска/Велика Британија, визуелизатор- Мирослав Масин, дизајнер- Луиш Карваљо од Велика Британија, светло-дизајнот- Игор Иванов-Изи, раскажувач- Венко Андоновски. Авторот на претставата Никола Коџабашија овој пат ќе се појави и во улога на диригент.
Во мјузиклот настапува балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ, а улогите им се доделени на Весна Гиновска-Илкова, Адем Карага, Николина Јаневска, Срѓан Јанакиевиќ, Андријана Јаневска, Јовица Михајловски, Марија Георгиева, Билјана Пашариковска, Ивана Коцевска, Борко Бичовски, Лидија Кочовска, Зоки Џубокс, Надежда Рубен, Соња Пендовска-Мадевска, Ана Цаневска, Милан Тоциновски и Игор Трајковски.